ОСНОВАЊЕ, ЦЕЛ И РАЗВОЈ НА СОНЧЕВ ЗРАК

“Сончев зрак” е формиран во 1989 год. во Скопје, Р. Македонија. Основач на “Сончев зрак” е  Стојан Велкоски д-р по геопатологија и д-р по заштита на животната средина. Од 2007 година директор на "Сончев зрак" е Јане Велкоски. Целта на формирањето на “Сончев зрак” беше припрема за основање на институт, кој ќе опфати едно мошне чувствително поле од секојдневниот живот. Примарната активност е насочена кон истражување на штетноста и заштитата од електромагнетните зрачења за целокупниот жив свет со проучување, истражување и експериментирање во областа на геобиологијата. Во првите години активноста беше насочена првенствено кон детекција на природни и технички електромагнетни зрачења во семејни и работни простории, од кои се прибираа вредни статистички податоци за последиците од електромагнетните зрачења врз целокупниот жив свет. Фактите со кои располага “Сончев зрак” се мошне стручно обработени и достапни за понатамошни научно-едукативни потреби. Секојдневните наоди добиени од теренот беа застрашувачки индикатор за опасноста од електромагнетното зрачење. Во втората половина од 20 век по повод бурната емиграција село-град, новите населби се градеа на локации крајно опасни по здравјето на луѓето. Согледувајќи ја опасноста за идните жители во тие населби, “Сончев зрак” отпочна со низа јавни настапи, за да се информира јавноста за опасноста што им претстои на жителите. За таа цел беа одржани повеќе јавни трибини, беа емитувани документарни ТВ-емисии, радиоемисии, беа напишани многу статии во разни весници. Неколкупати по писмен пат, со предлог-проект, од Владите на Република Македонија во неколку наврати беше побарана измена и дополнување на Законот за заштита на животната средина и просторно планирање, со кој беше опфатено и полето за заштита од геопатогени електромагнетни зрачења. Побарана беше и средба за изнаоѓање превентивно решение за сериозниот проблем. Беа одржани неколку средби со претставници од министерствата и радиестезиските здруженија, но сето тоа не даде позитивни резултати.

Во 2009 година за прв пат се успеа, геобиолошките мерења, во чиј состав влегуваат и радиестезиските детекции, да се  постават на собраниска расправа за примена во законот за градење. Во Собранието од страна на  Парламентот оваа предлог точка се усвои, но преостанува понатамошниот процес за внесување и имлементирање во самиот закон.

По имплементацијата на оваа точка во законот за градење, нема да се влијае врз урбанистичките и архитектонски  планови, ниту нешто подрастично во цената на становите, туку само со соодветни геобиолошки препораки и технички интервенции, проблемот благовремено може да биде решен.

Дејност

"Сончев зрак" од основањето до денес, првенствено се занимава со следните активности:

-  Детекција на природни и технички електромагнетни зрачења;

-  Хидрогеолошки истражни работи;

-  Заштита од електромагнетни зрачења;

-  Производство на заштитни уреди од електромагнетни зрачења;

-  Научноистражувачка активност во областите на: хидрогеологија, геобиологија, екологија, биологија, земјоделие;

-  Истражувања во областа на астронауката и др.

 

ЗА ОСНОВАЧОТ

Основачот на "Сончев зрак", д-р Стојан Велкоски, роден во Кичево, веќе подолго време живее и работи во Скопје. Уште многу одамна се занимава со оваа проблематика. Со високо образование се стекнува во СФРЈ, две магистерски студии завршува во НБУ-БГ, завршува две докторски студии, од кои едната во НБУ-БГ, а другата при ИКИТ-БАН Софија која ја одбранува во 2012 година, а е на тема "Геопатогени зони штетност и заштита" (сл.1). Истовремено д-р Велкоски, за придонесот во развојот на науката "Геобиологија" од страна на Институтот ГАПЕ од Скопје и свое име на 23.06.2012 год. во Хотел Александар Палас во Скопје им додели Благодарници на Министерството за образование и наука на Р. Македонија, ИКИТ-БАН, Амбасадата на Р. Бугарија, градоначалници, истакнати личности од дома и странство и на неколку медиуми.

Во излагањето пред многуте медиуми, меѓу другото д-р Велкоски кажа дека Сончев зрак е еден од светските водечки правни субјекти, кој од втората половина на осумдесетите години од минатиот век, студиозно го отпочна истражувањето и развојот на Геобиологијата и Геопатологијата, при што успехот на овој труд е крунисан со бројни иновации, научни трудови и проекти за на крај да оснива и научна Институција Институт за геобиологија, археологија подземни води и еколкогија  ИГАПЕ-Скопје.

Слика 1. Свечано примање на втората докторска диплома на 23.06.2012 год. во Хотел Александар Палас во Скопје


 

Слика 2. Свечано доделување на благодарници од страна на д-р Велкоски и ИГАПЕ-Скопје, во Хотел Александар Палас во Скопје


 

Подоцна и како доктор по еколошки науки, а потоа и д-р по геопатологија, сериозно се зафати за проект што ќе може да го заштити населението од сериозниот и потенцијален убиец - зрачењето. Повеќе години самостојно работеше на полето на истражувањето и на решавањето пооделни проблеми, врз кои сега се заснова програмата на “Сончев зрак”. За конструкција на проектот - новото откритие “Неутрализатор Трансформер Био-СПХ”, тој работеше пет години, потпомогнат од експерти за електроника, физика и за други области. Завршувањето на овој проект претставуваше огромен успех, како за авторот така и за целокупниот научен тим, кои придонесоа за примената на новото техничко решение, во прво време познато под името СОНПЕТХРИСТ, а сега познато како “Неутрализатор Трансформер Био-СПХ.

Откако Био-СПХ ги даде првите очекувани резултати отпочна нова ера во однос на насоката на истражувањата на “Сончев зрак” и во однос на безбедноста на корисниците на Био-СПХ, кои можат лесно, едноставно и сигурно да го решат својот сериозен проблем. Авторот на Био-СПХ д-р Стојан Велкоски изврши домашна и меѓународна пријава и патентирање на иновацијата.

За успешноста и за улогата на Био-СПХ, авторот од 1990 год. преку “Сончев зрак”, а покасно и преку Институтот ГАПЕ постојано учествува на меѓународни изложби на пронајдоци, меѓународни конгреси, трибини и други научно-едукативни настапи во јавноста. На повеќето од нив беше презентирана штетноста од електромагнетното зрачење. Како резултат за улогата и доприносот во науката има добиено повеќе научни одликувања, me|unarodni po~esni priznanija, ~lenstva, medalji, diplomi i drugo, kako na pr:

-  Член на Сојузот на научниците на Р. Бугарија;

- Po~esen profesor i preporaka za ~lenstvo vo Evropskata Akademija na umetnostite dobieno od Me|unarodniot Institut za afirmacii so sedи{te vo Brisel;

- Po~esen ~len na Evropskata Akademija na umetnostite so sedi{te vo Paris;

- Po~esen Profesor naimenuvan od me|unarodnata asocijacija za mir vo Svetot;

- Po~esen Profesor naimenuvan od: UNESKO, UNICEF i ECOSOK;

- Pove}e sklu~eni dogovori za nau~notehni~ka sorabotka so Akademii i instituti;

- Dobitnik na najvisoki me|unarodni nagradi za inovacii: сребрен медал со диплома на Еурека 1994, највисока награда во Пицбург, САД во 1998, златен медал во Софија на изложбата East-West Euro Intelekt 1999 г. како и многу други значајни признанија и награди (сл. 3-6).

Слика 3. Едно од многуте доделувања на светски  признанија на авторот на проектот Био-СПХ

 

.                             .

Слика 4. Доделување на златна медаља на светско ниво на авторот на проектот Био-СПХ



Слика 5. Доделување на златна медаља на светско ниво на авторот на проектот Био-СПХ

 

Слика 6 доделување на орден за наука на д-р Стојан Велкоски од ИГАПЕ-Скопје,  од страна на директорот на Институтот ИКИ од Бугарската Академија на науки Проф. д-р Петар Гецов, за долгогодишната успешна научнотехничка соработка помеѓу двата институти

Покрај постојаните меѓународни настапи со свои трудови во областа на заштитата на животната средина, авторот има издадено 3 свои напишани дела, и тоа: "Термоминералните карактеристики на Република Македонија", "Хидрогеологија и хирогеолошките карактеристики на Република Македонија", "Општа и применета радиестезија".

Ima nekolku nau~ni otkritija i patenti, kako na pr:

- Me|unaroden patent za za{tita na `ivotnata sredina od elektromagnetni zra~ewa Био-СПХ;

- Novo otkritie Kosmi~ka Стојанова mre`a

-Novo otkritie Kosmi~ki Стојанов roj

-Novo otkritie Kosmi~ki Стојанов појас

-Novo otkritie “Безбедносен космоводен простор

- Prijaven patent za iskoristuvawe na kosmi~ka mre`a za telekomunikacija;

atent za za{tita od gorski po`ari;

- Patent vo priprema za набљудување na planetarniot sistem (astronauka);

- Patent za za{tita od teroristi~ki napadi vrz urbanite vodi и др.


ЦЕЛИ, ПРОЕКТИ, ИСТРАЖУВАЊА

“Сончев зрак” има изработено повеќе научно-истражувачки проекти за долготрајно решавање на проблемот со водата за пиење во неколку  населби, фабрики и индивидуални објекти. Специфичноста во “Сончев зрак” за успешно и брзо решавање на овие проблеми, меѓу другото е и користењето на неколку научно-технички методи од областа на хидрогеологијата, геофизиката, геобиологијата и други техники и методи. На тој начин се формира успешен тим, кој е подготвен да решава разни проблеми со недостиг од техничка вода и вода за пиење за поголеми населби и градови.

“Сончев зрак” исто така, професионално изработува елаборати за присуство на електромагнетно зрачење од разни извори од: далноводи, трафостаници, ТВ и радиопредаватели, телефонски предаватели и од други зрачења, кои можат штетно да влијаат врз здравјето на луѓето.

Врз основа на член 11 став 3 од зконот за заштита и унапредување на животната средина и природата (“Службен весник на РМ“ бр.69/96, 13/99, 41/00, 96/00 и 45/02) заменик министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за овластување за вршење определени видови на стручни работи за заштита и унапредување на животната средина и природата, при што ”Сончев зрак” се овластува, да врши определени видови стручни работи за заштита и унапредување на животната средина и природата.

“Сончев зрак”, исто така, сериозно настапува во спроведувањето на многу еколошки проекти. Соработува со повеќе правни и физички субјекти кај нас и надвор од земјава. Има склучено повеќе договори за научно-техничка соработка и со академии, како што е и договорот склучен со ИКИ-БАН и др.

Целта ни е проширување на соработката во повеќе земји во Европа и пошироко, во зависност од остварувањето на организацискиот план, како и од општиот развој на “Сончев зрак”.

Нашата платформа се заснова, пред сé, врз научно-техничка и образовна програма која формира висококвалитетна целина. “Сончев зрак” е отворен за соработка и со други институти, универзитети и академии секаде во светот, пред сé заради остварување на заедничките интереси и интересот на целокупниот жив свет.

За професионалното работење на "Сончев зрак" говорат и соодветните овластувања, бројните сертификати, научни проекти, професионалноста од над 20 години и др.

 

Говорот на природата треба да го слушаме, доколку се почитуваат природните законитости хармонијата ќе ни биде непречена.

1989-2014


Контакт:   тел. 02 3137 555, 02 3237 555 или   Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

 

Местополжба на Сончев зрак