ВИДОВИ НА ЗРАЧЕЊА

 

Изворите на електромагнетни зрачења можеме да ги поделиме во две групи:

а) природни извори на зрачење;

б) вештачки (технички) извори на зрачење.

 

ПРИРОДНИ ИЗВОРИ НА ЗРАЧЕЊЕ (ПОЛИЊА)

 

Со природните извори на зрачење биле запознаени и најстарите цивилизации. Во природни извори на зрачења спаѓаат: сончеви бури, космички зрачења, геопатогени подземни извори на зрачења, јонизација, одредени градежни материјали, био-архитектура и други видови зрачења што можат да бидат предизвикани по природен пат.

 

Сончеви бури

Со појавата на ерупциите на Сонцето се создаваат сончеви бури или ветер, кој се движи со брзина од околу 1.000 km/sek кон Земјата. Од моментот кога ќе се појават сончевите ерупции, сончевите бури во период од 2-3 дена достигнуваат до магнетосферата. Магнетосферата претставува природен земјин штит од сончевите бури, кои вршат компресија (притискање) врз земјината магнетосфера, при што волуменот се намалува, а со тоа земјиното електромагнетно зрачење се зголемува 5-10 пати. Имајќи го предвид релативното земјино електромагнетно поле, врз кое е природно кодиран целокупниот жив свет (вклучувајќи го и човекот) треба да се знае дека секое негово отстапување може мошне сериозно да го загрози опстанокот на живиот свет. Во овој случај неопходно е да се изврши заштита од штетноста на зголеменото земјино електромагнетно поле. Досега најефикасен апарат за заштита од сончевите бури е неутрализаторот-трансформер Био-СПХ, со кој се овозможува нормален биолошки развој на живиот свет.

 

Космички зрачења

Поради оштетување на озонската обвивка, се јавуваат таканаречени космички дупки, кои опфаќаат поголеми пространства на планетата Земја. Преку нив лесно се пробиваат ултравиолетовите зраци. Ако луѓето се изложени на тие ултравиолетови сончеви зраци во подрачја што се под дејство на озонските дупки, постои можност полесно да се јават изгореници и рак на кожата. Покрај овие космички или озонски дупки, постојат и други извори од електромагнетен карактер познати како космички извори на зрачења. Космичките извори на зрачења се резултат на истоимените мрежи, кои се простираат над магнетосферата. Поради меѓусебното сечење на линиите што ги формираат космичките мрежи се појавува точкесто насочена концентрација од електромагнетното зрачење, кое постојано дејствува врз озонскиот земјин штит и се насочува кон Земјата. Одреден број космички јазли успеваат да го пробијат озонскиот штит и да продрат до одредена длабочина во земјата. Од ширината на линиите што ја формираат космичката мрежа ќе зависи и дијаметарот на дејствувањето на космичкото зрачење врз Земјата. На пр.: ако линиите се широки 50 cm со сечењето на две линии пречникот на јазолот на космичкиот извор на зрачење ќе биде 50х50 cm. За две од овие космички мрежи знаеле и постарите цивилизации. Денес постојат три откриени космички мрежи, кои се штетни за живиот свет (сл. 1):

Слика 1. Поставеност на 3-те космички мрежи

 

а. Керијева мрежа, откриена и обработена од д-р Манфрејд Керју, чии јазли на Земјата изнесуваат 50х50 cm;

б. Хартманова мрежа, за која знаеле постарите генерации, но д-р Херн Хартман ја обработил во втората половина на минатиот век и го носи неговото име. Нејзините јазли изнесуваат 25х25 cm во зависност од географската ширина на која се наоѓаме. Пречникот на истите јазли може да биде со мали промени;

в. Третата мрежа е откриена и обработена во деведесетите години од двасеттиот век од страна на д-р Стојан Велкоски, а нејзините јазли изнесуваат 10 х 10 cm, во зависност од географската ширина. Пречникот на истите јазли може да биде со мали промени. Поради малиот опсег на јазлите, до скоро не се знаело за оваа мрежа.

За првпат во 2006 година на меѓународен научен конгрес д-р Стојан Велкоски ја има објавено како природно откритие за можни технички поддршки. Во 2007 од страна на Обединетите нации и Руската Академија на науки д-р Стојан Велкоски беше поканет на светската научна работилница во Таруса - Русија. Таму пред светската научна јавност Стојановата космичка мрежа беше презентирана како природно откритие и техничко решение за пренос на енергии особено во медицинскиот или телекомуникацискиот систем (сл. 2).

 

 

Слика 2. Презентација на Стојановата космичка мрежа пред ООН и Руската Академија


Авторот студиозно ја обработи и испита оваа мрежа и нејзината штетност врз живиот свет, вклучувајќи го и човекот. Штетноста од космичките јазли може да се види од експериментите и статистичките податоци направени во “Сончев зрак“,  а публикации можат да се најдат во публикации или на некој од електронските пребарувачи со името на авторот и варијанти на напишано име, Стојан / Стоян / Stojan / Stoyan -   Велкоски / Velkoski. како на пр:

- Презентација и публикување во Русија, во организација на обединети нации и РАН,Stojan's cosmic net (the cosmic S-net)

- Презентација и публикување во Бугарија на меѓународниот конгрес во организација на БАН (COSMIC S-NET).

Космичките јазли можат да се поместат 1-5 m во случај на тектонски активности (земјотреси) или сончеви бури. Оваа појава е забележана врз база на долгогодишните следења на мрежите. Исто така, забележана е појава на нови космички зрачења, најчесто по појавата на сончевите бури, особено зрачење од третата космичка мрежа. Оваа појава е потврдена по сончевите бури што се случија во декември 2003 год. Застапеноста на космичките јазли врз Земјата, меѓу другото, зависи и од оштетеноста на нејзината озонска обвивка, а штетноста од нив за живиот свет е огромна.

Стојанови космички ројеви

Овие извори на зрачења како и претходните своето име го имаат добиено од: името на авторот, потеклото и изгледот. Спорд тоа, името на авторот е д-р Стојан Велкоски, потеклото космички, а изгледот на оваа појава е во вид на пчелин рој во лет. Според тоа, и името на новиот космички извор на зрачење се нарекува стојанов космички рој.

Анализите ги дадоа следните состојби прикажани на (сл. 3 и 4).

Слика 3. Поставеноста на космичките роеви и нивна раздалеченост


 

Слика 4. Состав и опис на Космички Стојанов рој “К.С.Р.”

 

Презентација и публикување во Бугарија на меѓународниот конгрес во организација на БАН (Kosmi~kiStojanov roj KS-roj)

Според сознанијата од авторот К.С.Р. претставува единка (рој) од повеќе такви роеви кои се поставени на извесно растојание, а насочени кон З, С-З (сл. 3). Секој од нив е составен од:

- два елипсовидни прстена, од кои секој поединечно содржи околу 42 точки;

- внатрешно групирани асиметрични точки, кон З, С-З, чиј вкупен број, заедно со двата прстена изнесува околу 400. Таквите Стојанови космички роеви се присутни на целата Земјина топка, распределени на извесно меѓусебно растојание и насочени кон запад со некој степен кон северо-запад (сл. 3).

 

Космичкиот Стојанов рој е специфичен и по тоа што точките од двата прстена на ројот се распределени во парови. Меѓусебното растојание зависи од нивната местоположба соодветно на страните на светот.

Тие кои што се наоѓаат на источна страна, И, Ј-И од ројот, нивното меѓусебно растојание е поголемо, односно на » 80 cm, додека растојанието на оние кои што се наоѓаат на западната страна С-З е помало, односно на » 10 cm. Вака поставените два точкести прстена претставуваат еден вид заштитна чаура, а истовремено го формираат елипсовидниот изглед на К.С.Р., кој е лоциран исток-запад, со некој степен југоисток-северозапад.

Димензиите на К.С.Р. се различни, но во просек изнесуваат околу 12 х 6 m. Димензиите може да варираат со по неколку метри. Во внатрешниот дел точките се асиметрични и групирани кон запад, односно со извесен степен кон север.

Според карактеристиките на К.С.Р., тие не спаѓаат во групата на космички јазли, поради тоа што не потекнуваат од мрежи како трите претходно познати и не се меѓусебно поврзани.

К.С.Р. за разлика од досега обработените и познати космички мрежи се разликува од неколку аспекти, меѓу кои:

- техничките карактеристики;

- процесот на заштита;

- штетноста;

- можноста за нивно искористување и др.

Овие космички С-точки предизвикуваат болки во коски и најчесто го напаѓаат коскеното ткиво, но и другите органи. Од досегашните анализи, овие зрачења пред се претставуваат високо канцерогени, што значи дека доколку на нив се биде изложен подолг временски период може да настане промена во ткивото со малигни состав.

Заштитата може да се изврши со помош на поларизирани мрежи и спирали како и со неутрализатори трансформери Био-СПХ. За само овој тип на зрачење заштитата со Био-СПХ треба да биде од нивната западна страна.

Каде што има С.К. точки во просторија која ја заштитуваме со Био-СПХ, откриено е дека апаратите за заштита треба почесто да се носат на контроли споредбено со простор каде што нема С.К. точки.

 

Космички Стојанов појас или (К.С.П.)

Во поново време откриен е нов вид на точкасти космички зрачења. Овие космички точки се со пречник од 2 cm, а истите се групирани и според изгледот на формата која ја сочинуваат, наликуваат на појас (сл. 5). Кога станува збор за името на ова ново откритие, како и на досегашните космички извори на зрачења, името и на ова откритие се нарекува според:
а) неговото потекло - космички;
б) името на пронаоѓачот - д-р Стојан Велкоски;
в) самиот изглед - во вид на појас.
Според тоа новото откритие гласи: Космички Стојанов појас или К.С-појас (К.С.П.), додека самите точки Космички Стојанови точки од појас или (К.С.Т.П). Последните и дефинитивни мерења беа направени на 22.03.2008 год. во 13:00 часот, на локација на ул. Мите Богоевски, во населба Лисиче-Скопје. Ширината на К.С.П. изнесуваше 19,30 m. и се протегаше на околу 320° С-И, Ј-З. Во споредба со К.С.Р. овие точки се сразмерно и подеднакво подредени и наликуваат на појас, но нивното растојание е поголемо во правец на ширината на К.С.П., а пократко во насоката на протегање на К.С.П. Точките кои се наоѓаат во централниот дел на К.С.П. се со поголема меѓусебна раздалеченост и изнесуваат 40 cm. во правец на ширина на К.С.П. и 21 cm. во правец на протегање. Во крајните странични делови од К.С.П., во насока на должината, растојанието на точките е позбиено и изнесува 20 cm, а растојанието на К.С.Т.П. во правецот на ширината на К.С.П. изнесува 25 cm. Во повеќето случаи на идентификација на К.С.П., забележано е дека, К.С.П. се сретнува во целосен број на точки, без поединечни точки како што е случајот со К.С.Р. Овој вид на зрачење се забележувава и на други локации меѓу кои и во населбите: Пржино, Карпош и други места во Скопје и пошироко. Од горе наведеното може да се заклучи дека растојанието на точките од К.С.П. значително се зголемува во централниот дел од К.С.П., особено на растојанито помеѓу точките во правец на ширината на К.С.П., а во правец на протегање остануваат исти.

 

Слика 5. Космички Стојанов Појас (КСП)

Презентација и публикување во Бугарија на меѓународниот конгрес во организација на БАН 2011.

Експеримент

Во отворен простор на К.С.П., е поставен еден неутрализатор-трансформер Био-СПХ. Веднаш потоа резултатите од мерењата покажаа дека во радиус од 7 m. на сите страни од трансформерот точките од К.С.П. не се идентификуваа. Од ова може да се заклучи дека доколку во просторијата за живеење се постави неутрализатор-трансформер Био-СПХ, точките од К.С.П. од сите страни ќе бидат трансформирани, а просторот безбеден за нормален био-развој. Од овој експеримент може да се забележи дека постои споредбена разлика во заштитата, со точките од К.С.П. и К.С.Р. Тоа ни укажува дека структурата на честичките од двата извори на зрачења не се исти, па според тоа и резултатите од Био-СПХ се различни.


- Штетност и заштита

Според резултатите од досегашниот релативно мал број на евидентирани, изложени на К.С.Т.П. штетноста од нив е помала, споредбено од изложените на К.С.Т.Р. Во зависност од наредните резултати од истражувањата кои ќе се одвиваат во Институтот ГАПЕ во Скопје, во кои ќе се опфатат поголем број на изложени, овој податок може да биде потврден или променет.
Во секој случај, симптомите на изложените се познати, а тоа се: хроничен замор, болки по телото кои се слични на ревматичните и др. За заштита од зрачењата кои ги предизвикува К.С.П., се препорачува избор на локација за изградба на објектите или заштита со помош на неутрализатори-трансфермери Био-СПХ, или поларизирани мрежи и спирали.


- Потекло на космичките зрачења според некои тези

Во некои литератури постојат тврдења дека космичките зрачења потекнуваат од земјата. За жал, таа теза според д-р Велкоски не може да биде прифатена од повеќе причини. Една од тие тези е и несовпаѓањето на името космички со подземни. Доколку космичките зрачења потекнуваат од земјата, логично е тие да се нарекуваат геопатогени извори на зрачења, а не космички. Исто така, геолошките аномалии се неправилни и според тој факт не е возможно на земјата да добиеме правилен распоред на мрежите. Тоа може да се потврди и со низа експерименти од кои дел од нив се направени во Сончев Зрак и Институтот за геобиологија ГАПЕ-Скопје.

Геопатогени подземни извори на зрачења

 

Геопатогените електромагнетни зрачења се јавуваат како резултат на геолошки аномалии во земјата: геолошки раседи, подземни шуплини, подземни концентрации на руди и минерали, подземни проточни води и други аномалии.

Раседите и пукнатините во геолошката утроба, поради нивната аномалија од поместените свои страни се создава различен поларитет, а како резултат на геомагнетното поле од таа аномалија се емитува геопатогено зрачење - ГПЗ (сл. 6).

Слика бр. 6. ГПЗ од геолошка аномалија

Поради тоа што овие извори на зрачења доаѓаат од геологијата, поточно геопатологијата се нарекуваат геопатогени или подземни извори на зрачења, овие геопатогени зрачења се јавуваат во вид на бранови чија должина и ширина зависат од геолошките аномалии во земјата. На пр.: со ширина од 50 cm до стотина метри, а должината може да изнесува повеќе километри. Водите, кои протекуваат во земјината утроба вршат триење меѓу честичките од водата и геолошката структура во земјата, при што се нарушува константното Земјино електромагнетно поле. Како резултат на тоа се јавуваат бранови во вертикала, кои непречено ги пробиваат геолошката структура и објектите што се наоѓаат над таа локација. Добиени резултати на штетноста и последиците од геопотогени зрачења во петокатница и истите сликовито прикажани (сл. 7).

Геопатогените зрачења во зависност од неколку фактори како на пример: голошката структура, местоположбата, климатските услови, сеизмички активности и друго, нивната локација може да биде константна или променлива.

 

Слика 7. Петкатница со четири вертикали А, Б, Ц и Д, со вкупно 20 спални соби

 

 

Опис на сликите

Врз основа на извршените анализи направен е цртеж за присуството на електромагнетни, геопатогени, космички и технички зрачења пристуни во објект на 5 ката во една скопска населба.


Го елаборираме извештајот:
Петкатница со четири вертикали А, Б, Ц и Д, со вкупно 20 спални соби. Под вертикалата А на извесна длабочина, со извесен капацитет и брзина на движење, постои подземен водотек (дадено во пресек, под истата вертикала). Од водотекот се јавува геопатогено зрачење со еден вертикален бран кон горе, опфаќајќи ги сите 5 ката од вертикалата А. Од централниот извор на зрачење се простираат по неколку странични бранови кон лево и десно ширејќи се со извесен степен од централниот вертикален бран во вид на лепеза. Станарите од вертикала А се жалат на ненаспаност, хроничен замор, реума, нервоза, тахикардии, камења во бубрези и жолчка, алергии, мигрени. Тројца добиле инфаркт, еден починал од канцер, а четворица страдаат од мошне висок крвен притисок.

Во вертикала Б, петти кат, стан 6, не ги чувствуваат претходните симптоми, но кај нив нема присуство од засилени геопатогени зрачења во спалните соби. Под него, во станот обележан со бр. 7, лицето А има проширени вени на долните екстремитети. На трети кат, стан обележан со бр. 8, лицето А има тумор на простата и реума, а лицето Б има дијабет. На втори кат, стан 9, лицето А има артрит и алергија, а лицето Б има нервни заболувања. На први кат, обележан како стан 10, лицето А има мигрена и депресија, а лицето Б има цисти на јајници и на бубрези. Вертикала Ц, петти кат, стан обележан со 11, лицето А има повремени тахикардии, а лицето Б нема забележано посебни проблеми.

Четврти кат, стан обележан со 12, лицето А кое е изложено на Хартманов јазол во пределот на главата, а делумно и на подземен бран во пределот на нозете добило мозочен излив. Лицето Б спие во близина на Хартмановиот чвор и има несоница. Четврти кат, стан обележан со 13, лицето А е оперирано од канцер на тироидеа, а спие на геопатогено зрачење, додека лицето Б има слаби ревматични симптоми. Втори кат, стан обележан со 14, се наоѓа на дел од геопатогено зрачење. Лицето А и лицето Б чувствуваат нервоза, главоболки, тахикардии и се лечат од стерилитет. Први кат, стан обележан со 15, лицата А и Б се со поодмината возраст и имаат повремни симптоми на реума, но не се изложени на природни зрачења. Вертикала Д, петти кат, стан обележан со 16, лицето А е изложено на С-чвор во пределот на неговите гради и подземен бран. Има малигни тумор на плуќа, а лицето Б страда од несоница и било оперирано од бенигни тумор на матка. Четврти кат, стан 17, лицето А и лицето Б не забележале посебни здравствени проблеми. Трети кат, стан 18, лицето А има мигрена, а лицето Б има мозочен излив и дијабет. Втори кат, стан 19, лицето А има артрит, а лицето Б нема здравствени проблеми. Тие се доселени во тој стан пред 1 год. Први кат, стан 20, лицето А и лицето Б немаат никакви здравствени проблеми. Во дворот на овој објект дадени се три растенија на кои се забележуваат промени во нивниот развој (обележани со А, Б и Ц). Непосредно до садницата А има космички јазол. На таа страна дрвото е послабо развиено со своите гранки. Садницата Б е на безбедна зона и нејзиниот развој е нормален. Садница Ц. Растот на горниот дел од гранките е пренасочен странично. Сето тоа би било чудно ако не се знае дека токму до него косо поминува еден подземен бран, прикажан на оваа слика.

 

Заштитен објект по 8 месеци

Прикажување на истиот објект по 9  месеци, откако становите во објектот се заштитени со Био-СПХ (сл. 8).
Во становите не се идентификува присуството на претходно постојните бранови. Кај поголемиот број од станарите исчезнуваат одделни симптоми, некои заболувања исчезнале или стагнирале. Во становите во кои претходно немало зрачења, со Био-СПХ се почувстувале извесни позитивни ефекти дадени во статистика.
Кај станарите се вратени психофизичката способност и чувството на подобро здравје и енергија, животот повторно продолжува во хармонија.
Единствено сериозните здравствени последици, кои не можат да се отстранат останаа како белег од зрачењето.

 

Слика 8. Објект изложен на ГПЗ заштитен со Био-СПХ

 

Анализа на објект кој е 1/2 на ГПЗ

Добар дел од објектите изградени во поголемите градови низ Македонија се наоѓаат на ГПЗ. Еден од повеќето анализирани е и овој објект прикажан на сл. 9:

Слика 9. Станбен објект 1/2 на ГПЗ

На оваа слика е прикажан стамбен објект со два влеза во Скопје.
- Десната вертикала од овој објект е со геопатогено засилено електромагнетно поле и со зачестени космички јазли.
- Левата вертикала се наоѓа на безбедна зона само со неколку космички јазли лоцирани на недоволно искористуван простор во становите. Во десната вертикала има 13 смртни случаи (од канцер, мозочни и срцеви изливи и сл.) од различна старосна возраст. Во левата вертикала има 3 смртни случаи од сообраќајки и смрт од старост.
Овие податоци се добиени од направентие истражувања на лице место од страна на “Сончев зрак” во 1993 год.
За веродостојноста на податоците потврдуваат и видео записите направени со станари од објектот. Во меѓувреме неколку семејства од овој објект имаат превземено заштитни мерки со програмот Био-СПХ. За сегашната општа состојба на станарите од овој објект се уште немаме информации. Во евиденцијата на “Сончев зрак” од Скопје, за жал постојат повеќе вакви и слични објекти. Овие извори на зрачења, особено од подземните протечни води, се јавуваат брановидно, во вид на лепеза. Централниот бран има вертикално движење нагоре со благо ширење, а другите странични бранови, во зависност од длабочината и ширината (има по седум на секоја страна), се паралелни и формираат агол од околу 450 кон надвор. Интересен е фактот што истите бранови имаат и свој поларитет независно еден од друг, а централниот, четвртиот и седмиот се двополаритетни. Во однос на штетноста од брановите, токму поларитетот е еден од клучните фактори за последиците кај живиот свет (притисни-поларитет).
Брановите со својата силна деполаризирачка моќ мошне сериозно ја нарушуваат меѓуклеточната хармонизација, што доведува до тешки последици. Штетноста од овој вид зрачење може да се види и од статистичката обработка на материјалите добиени од самото место (притисни тука-статистички податоци од околу 15.000 испитаници).
Денес "Сончев зрак" располага со огромен број студии за штетноста и за последиците од геопатогените извори на зрачења (види во штетност, истражувања).

Радон

Радонот е природен хемиски елемент со симбол Rn и атомски број 86. Тој е радиоактивен, безбоен, без мирис, без вкус се смета за благороден гас.Тој потекнува од длабочините на Земјата со распаѓањето на ураниумот се ослободува гас Радон. Доколку постои некоја геолошка пукнатина или расед сл.6, тој може да се транспортира над површината на Земјата, за таа транспортација му се помага со помош на геопатогените полиња преку кои може да биде присутен во отделни простори.  Зголемената концентрација од Радон може да доведе до низа последици по здравјето и животите на изложените.

Јонизација


Улогата на соодносот на јоните во воздухот
При нормална проветреност на просториите во нормални климатски услови, односот на негативните и позитивните јони изнесува приближно 1:1,2.
И во затворени простории, каде што се спие или работи, овој сооднос би требало да биде задржан. Модерните нехумани објекти можат негативно да влијаат врз овој сооднос. Исто така, подземните пукнатини, затворените подруми, шахти и бунари можат да доведат до симнување на негативните јони во воздухот.
Намалувањето на негативните јони во просторот може да доведе до нарушување на здравјето кај луѓето кои подолго време престојуваат во такви простории. Најчести последиците се: хроничен замор, алергија, проблеми со крвотокот, депресија, апатија, хипогликемија и др.
Во овој случај неопходно е почесто проветрување на просториите или заштита со Био-јонизатор.

 

ВЕШТАЧКИ ИЗВОРИ НА ЗРАЧЕЊЕ


Вештачките, односно техничките извори на зрачења стануваат поприсутни и попознати во почетокот на минатиот век. Во вештачки извори на зрачење спаѓаат сите електропреносни и електропотрошувачки тела, како и предаватели од мобилна и од релејна телефонија, радарски системи и други електротехнички апарати и инструменти што ги користиме во секојдневниот живот.

 

Градежни материјали


Градежниот материјал може да биде поделен во две групи:
- Неутрален;
- Активен.
Неутрален градежен материјал е тој што има природно потекло (без никакви примеси на јонизирачки и испарувачки материи), како на пр: дрво, печена керамика, гипс, малтер направен од вар и песок, камен, цемент, железо и др. Овие материјали спаѓаат во неутрални под услов да не содржат радиоактивни материи.
Во активни градежни материјали спаѓаат сите цврсти или течни материјали што се изработени со посебни хемиско-технички процеси или материјали коишто во себе имаат радиоактивни, токсични и други штетни примеси.
Овие градежни материјали зрачат, испаруваат, се распаѓаат на честички, како што е случајот со азбестот и др.
На пазарот денес се нудат разни т.н. функционални градежни материјали, чие што потекло, состав и штетност врз луѓето не се доволно познати.
Градежниот материјал кој е донесен од подрачја каде што имало воени дејствија со осиромашен ураниум, во близина на наоѓалишта на ураниум, или од подрачје каде што имало нуклеарни катастрофи, материјалот може да биде извор на радиоактивни (јонизирачки) зрачења.
Доколку тој материјал се употреби за објекти за живеење, на станарите од објектите им се заканува опасност.

Техничко зрачење
Техничкото зрачење е од понов датум и е во тесна врска со развојот на техниката. Овој тип зрачење е предизвикано од техничките електроуреди, предаватели за мобилна и релејна телефонија, радарски системи, далноводи, трафостаници, телевизори, компјутери и други технички апарати во домашните и во работните простории.
Сé почесто цената на овој модерен благодет е човековото здравје. И овој тип зрачење мошне штетно влијае врз целокупниот жив свет, вклучувајќи го и човекот. Заради профит, моќните индустриски компании, многу малку водат сметка за заштитата на животната средина. Денес на сé поголем број луѓе им се загрозени здравјето и животот од техничкото зрачење. Човековиот животен простор секојдневно сé повеќе е узурпиран од овој современ агресор. Поради присуството на техничките извори на зрачења, сé позачестени се разните заболувања: леукемија, тумори, изливи, алергии, дијабетес, намален вид, мигрени, стерилитет и сл. Денес, сé почесто се бара правна заштита од овој агресор. Меѓународните институции имаат пропишано стандарди за дозволено електромагнетно зрачење, кои не секаде подеднакво се применуваат. Еден од многуте такви случаи е и случајот во едно село во Прилепско, каде што е изграден далновод од 400 KV Битола II, непосредно до објектите за живеење, а над обработливиот имот на семејството К. Семејството К. се соочува со здравствени проблеми, кои се појавиле по изградбата на далноводот во нивниот имот. Нивната жалба до Електродистрибуција не дала плод. Електродистрибуција тврдела дека семејството може слободно да работи под самиот далновод. Започнала судска расправа. Електромашинскиот факултет и една приватна компанија направиле вештачења, но во елаборатот е изоставена електричната компонента.
Семејството К. не ја насетило оваа нечиста техничка игра на некој од експертите и со голема верба во сето тоа продолжиле да работат под и до самиот далновод. Во меѓувреме, едниот од сопружниците добива мозочен удар и дијабетес, а другиот срцев удар. Со приговор и барање до судот во Прилеп, семејството К. се избори за уште една експертиза. По предлог на судот, “Сончев зрак” беше предложен за судско вештачење. “Сончев зрак”, заедно со Бугарската академија на науките, открија дека во претходните анализи во предвид е земена магнетната компонента и статичкиот електрицитет, но не и најважната компонента од далноводите - електричното поле. По мерењата направени на лице место, подготвија елаборат, а добиените вредности за електричното поле на зрачење беа околу 300% повисоки од Европските дозволени стандарди.

Според анализите растителниот свет посебно родните садници кои беа во близина на далноводот, нивниот род беше знатно намален-дехидриран но и стеблата во поголем број дехидрирани, дехидрацијата беше забележителна од страна на далноводот (сл. 10).

Слика 10. Садница (круша) до самиот објект за живеење на семејството Конески со дехидрирани гранки кои беа насочени кон далноводот


За жал, ова е само еден од многуте слични случаи, а Судскиот спор П 759/98, иако е во прилог на семејството К. за жал се уште трае.

Денес милиони луѓе работат на компјутери и на други технички уреди. Не треба да заборавиме дека компјутерите, како и многуте други технички благодети датираат од поново време. Според тоа, треба да бидеме свесни за можни генетски нус-појави во иднина. Нам ни се познати позитивните карактеристики од развојот на техниката, но забораваме да инвестираме во научно-истражувачките проекти за штетноста од нив, а особено во заштитата. Тоа е слабоста на денешниот човек, поради која ќе страдаат идните генерации.

Новиот проект наречен Био-СПХ по пат на интерференција  успешно допринесува во заштитата од пониските фрекфенции и од овие извори на зрачења. Исто така, поларизираните мрежи и спирали добро го решаваат овој проблем, уште во процесот на изградба на објектот или подоцна. Што значи дека постои заштита од електромагнетните полиња, но под услов таа заштита да биде применета од страна на стручни лица по геопатологија.

 

Во ознаките во понатамошниот текст за видот на зрачењата постојат кратенки со следните значенија:

- (К) керијев јазол;

- (Х) Хартманов јазол;

- (С) Стојанов јазол;

- (С.т.) или (С.Р.) означува Стојанова точка од космички рој или космички Стојанов рој;

- (ГПЗ) Геопатогено зрачење.

Заклучок

Од горе наведеното, може да се заклучи дека, природните извори на зрачења, како и високонапонските јажиња од далноводите, можат сериозно да ги нарушат био процесите на отворено и во објектите. Оттука и потребата од посериозни анализи и заштита на лицата и природата од електромагнетните зрачења.