ШТЕТНОСТА ОД ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИТЕ ЗРАЧЕЊА

За штетноста од електромагнетните зрачења биле запознаени и античките народи, за тоа говорат бројни записи, слики и факти. Како еден од посериозните факти претставуваат и истражувањата направени на локации од древни градови, цркви и манастири. Резултатите од тие истражувања говорат дека скоро сите тие населби се на безбедни локации за живеење. Оттука може да се извлече заклучок дека, старите народи, знаеле да избираат локација за живеење, а тоа го правеле знаејќи го фактот дека електромагнетното поле може многу штетно да се одрази врз здравјето и животите на изложените. Гледано од научноистажувачки-медицински аспект, начинот на влијанието и последиците од дејствувањето на електромагнетното зрачење врз здравјето на изложените говори и наредниов прилог:

 

ВЛИЈАНИЕ НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНОТО ЗРАЧЕЊЕ ВРЗ КЛЕТОЧНАТА ФУНКЦИЈА

Како што е познато, во живиот организам електричните процеси играат важна улога и укажуваат на отстапувањата и нарушувањата на разните структури на клетката. Секое отстапување или нарушување на биоелементарните нормативи на клеточно ниво претставуваат сигурен знак за нарушена функција на клетката.

За да функционира една клетка, неопходно е во неа да има најмалку 60 микроелементи и повеќе од 100.000 ензимски молекули, кои овозможуваат да се одвиваат 2.000 биохемиски реакции, енергетски или слични, кои се одвиваат по точно утврден редослед.

Во текот на овие биохемиски реакции се создава електромагнетно поле. Во текот на синтезата на протеините (бидејќи има сврзување на исти молекули) се создава хомогено електромагнетно поле, во кое е присутен негативен полнеж. Кај сите еднородни клетки, како по правило, се присутни определени полнежи и истите имаат можност да бидат точно определени. Исто така, познато е дека определени органи имаат својство да таложат одредени јони, на пример тироидеата - јод, бубрезите - кадмиум, ретината -бариум итн.

Во клетките се одвиваат оксидо-редукциски процеси, кои осигуруваат енергија, при што основна енергетска материја е аденозин три фосфатот (ATP).

Биолошката клеточна мембрана претставува основен функционален и регулаторен дел на клетката. Во неа се главните механизми за претворање и предавање на електричната микроенергија од хемиска во електрична. Тоа е таканаречениот рецепторен потенцијал. Во текот на овие процеси околу клетката се создаваат електромагнетни полиња.

Во овој случај нормалната динамика на заемно претварање на енергиите е придружено со појава на соодветни електромагнетни полиња, кои се карактеризираат со морфобиолошко-генетски условени полиња на самата клетка на секој орган. Врз основа на ова се поставува и тезата дека човекот треба да се разгледува како фундаментален, природен енергетски, функционален завршен модел, составен од многубројни биоелементи. Тие се во совршен сооднос со биолошките процеси и ја насочуваат синтезата на клетките на животот.

Во овие процеси како основни материи се јавуваат кислородот, јаглеродот, водородот и азотот (во кои се вградени и калциумот, калиумот, натриумот, железото, магнезиумот и многу олигоелементи). Најсуштествено е што едни исти елементи имаат различно посредничко и функционално дејство, во зависност од тоа како се структурирани.

Така на пример, олигоелементот цинк игра улога во функцијата на половите жлезди, растот, развојот и во метаболизмот на јаглеродните водороди. Кобалтот има улога во создавањето на крвните елементи и влијае врз растот и развојот како и врз создавањето на некои хормони. Бакарот исто така игра улога во оксидо-редуктивните процеси и во одржувањето на витаминскиот биланс на организмот. Овие примери ги посочуваме за да се согледа важноста на олигоелементите за животот на клетките. Во нашите клетки има околу 50 олигоелементи.

Од погоре кажаното станува јасно дека секое отстапување или нарушување на овие биоелементи во организмот ќе доведе до нарушувања на енергетскиот биланс и на оксидо-редуктивните процеси во клетките. На ваков начин се нарушува и синтезата на протеините во клетките, а со тоа се нарушува функцијата на клеточната мембрана. Ова ќе доведе до нарушување на способноста на клетката да ја претвора хемиската енергија во електрична.

Од горе наведеното можеме да констатираме дека доколку клетките бидат изложени на електромагнетно зрачење, ќе се предизвика извесно нарушување на оксидо-редуктивните процеси, а со тоа ќе се попречат и процесите на синтезата и нормалното добивање на енергија во текот на клеточниот метаболизам.

Електро магнетните зрачења имаат силно изразена деполаризирачка моќ врз клеточната мембрана. Резултатот од тоа е нарушена меѓуклеточна колаборација, која, пак, предизвикува тешки и сериозни заболувања.

Она што досега е познато од стручната литература, а врз основа на експериментални и клинички иследувања, електромагнетните зрачења ги нарушуваат функциите на потпорно-движечкиот апарат, нервниот систем и на внатрешните органи.

 

Причинители за појава на малигни тумори (канцер)

Од медицинска гледна точка малигното заболување претставува органско заболување чиј причинител најчесто се бара во генетската предиспозиција или стрес. Современата медицина вложува големи напори во дијагностиката и тераписките методи за справување со оваа сé почеста сериозна болест, која не избира возраст и пол.

“Сончев зрак” од Скопје повеќе години работи на откривање на причинителот на оваа мошне сериозна закана за човештвото. Заканата е сé посериозна ако го земеме предвид начинот на живеење, секојдневната изложеност на технички, подземни и космички извори на зрачења.

За таа цел “Сончев зрак” изработи неколку научни проекти, со кои се опфатени живеалишта на околу 10.000 луѓе - станбени и индивидуални објекти. Резултатите од истражувањата покажаа дека објекти во кои се појавиле повеќе заболувања во едно семејство, биле изложени на геопатогено и космичко електромагнетно поле, особено спалните соби на заболените или починатите. Истовремено следени се состојбите на другите членови од истите семејства што се иселиле од тој објект многу порано. Истите доживеале длабока старост и добро здравје, а истражувањата покажале дека живееле на безбедна локација.

Овие резултати од истражувањата ја надополнуваат современата медицинска теза, дека покрај генетската предиспозиција како причина на појавата на малигни болести голема улога играат и останатите фактори.

Направени се истражувања на повеќе објекти, висококатници, од кои едната половина била на безбедна зона, а другата на геопатогени и космички електромагнетни засилени полиња.

Резултатите се состојат во следното:

Во безбедната вертикала има по 2-5 смртни случаи од старосна или случајна смрт, но не и малигни заболувања. Во другите вертикали што биле во зона на спомнатите полиња на зрачења има десетици смртни случаи од малигни заболувања. Во двете вертикали станарите не се семејно, односно генетски поврзани, но очигледна е разликата во здравственита состојба следејќи ги паралелно.

Истражувани се повеќе вакви објекти и добиени се скоро идентични резултати. Наспроти тоа, овие истражувања ја потврдуваат нашата теза дека малигните болести во висок процент се појавуваат како резултат на присуството на електромагнетните полиња и зрачењата.

Новата теза ја потврдуваат и статистичките резултати од околу 15.000 луѓе, каде што дел од нив можат да се видат во графичка обработка. (статистика)

Направени се повеќе истражувања и со животни, меѓу кои и во фармата Трубарево. Кравите што биле изложени на електромагнетни природни засилени полиња се разболувале и умирале најчесто од малигни болести. Овие истражувања покажаа дека за појавата на малигните заболувања не се виновни само генетските предиспозиции, психолошкиот стрес или исхраната (иако изборот на храната како и психолошкиот стрес може мошне штетно да влијае на здравиот живот).

За штетноста на овие извори врз животните може да се види и од резултатите на референците од краварските фарми. (притисни тука)

ЗАКЛУЧОК

Неспорно е дека електромагнетното зрачење може сериозно да ја наруши клеточната хармонија на изложените, оттука неопходен е попрофесионален пристап кон решавање на овој се посериозен проблем.

Проблемот може да биде решен доколку:  се подобри едукацијата на населението, стручен пристап кон проблемот и примена на соодветна заштита научно-технички потврдена.