ПРОДУКТИ:

Кога станува збор за продукти наменети за заштита од електромагнетно зрачење, треба да се  има на знаење дека, со тоа се навлегува во научнотехничката област, каде што треба да се поседуваат некои основни елементи од научнотехничката област кои продуктот ќе го дистанцираат од бројните измами, кои за жал се уште се присутни на пазарот ширум светот. Тој продукт треба да биде препознатлив по повеќе основи, меѓу кои и поседување на:

- технички атест;

- сертификат за функцијата;

- патент;

- научни студии;

- сертификат за незагрозување на околината;

- позади тој продукт да стои научна институција и за конкретниов продукт геопатолог.

Само на овој начин може да се смета дека продуктот има своја валидност и употреба, а од досега научнотехнички познати заштитни сретства се:

- Неутрализатори-трансформери Био-СПХ;

- Поларизирани мрежи и спирали;

- Био-квантна пирамида, која припаѓа во квантната физика и не може лесно да се докаже нејзината физичка функција.

Неутрализатори-трансформери Био-СПХ, се сретнуваат во различни форми, се користат во простории за живеење или работа. Тие се едноставни за употреба и имаат обезбеден сервис и гаранција. Практични се за употреба скоро за во секоја просторија, а нивната примена е во секојдневието. Резултатите прикажани во сертификатите, атестите и статистиката покажуваат дека Био-СПХ нема конкуренција на светско ниво. Неговата цена на чинење, за овој дел не е се уште комерцијализирана.

Поларизираните мрежи и спирали се мошне ефикасна заштита од електромагнетни зрачења, тие претставуваат посебен систем за заштита од електромагнетни зрачења. Нивната примена е најсоодветна при изградба на објектите или при санација на внатрешните простории за живеење или работа. Истите можат да се користат за заштита од: геопатогени зрачења, космички зрачења, далноводи, трафостаници, разни предаватели од базни и други станици, како и од други извори на зрачења. Опсегот на дејствување е и на ниските и на повисоките фрекфенции.

Био-квантна пирамида, се сретнува во поново време и е исклучиво во одредена пирамидална форма, а се користи за неутрализирање на квантните енергии кои се недостапни за мерната перцепција, а можат на соодветен начин да влијаат врз живеењето на човекот. Таа нема особено влијание врз електромагнетното зрачење, туку на лицата во просторот, со чие присуство го хармонизира самиот простор и го ослободува од разни емотивни и други енергии кои можат да бидат присутни пред се од човечки фактор.