СОСТАВ И НАЧИН НА ФУНКЦИЈА НА БИО-СПХ


Био-СПХ е техничко решение, составено од: печатено коло 8 x 8 cm на кое има прецизно монтирани специфични држачи, кои го претставуваат основниот скелет на самиот апарат. На самиот скелет од апаратот има прецизно монтирани склопови од: држачи, резонатори, антенски резонатори, дипол антени, индуктивни антенски примопредаватели, кондензаторски систем, затворени индуктивни резонатори, излиени индуктивности, излиени затворени придушувачи и комбинирани излиени електроелементи во вид на чипови (сл. 1).

Слика 1. Внатрешен изглед на монтиран Био-СПХ


Сите составни елементи се направени од природен нејонизирачки материјал. Употребена е посебна технологија - 85% од елементите се специјално конструирани за Био-СПХ и не можат да се сретнат во јавна продажба. Елементите ги поврзуваат специјално обучени експерти од институтот. Апаратот Био-СПХ е составен од специфични елементи, кои хармонично взаемно функционираат и формираат една целина, за своја функција го користи константното геоелектромагнетно поле.

Дел од гореспоменатите елементи се зацврстени на самата шасија од апаратот, поради што апаратот е мошне чувствителен на механички повреди.
Шасијата, односно заштитната кутија на апаратот, е направена од перфорирана пластика, што придонесува за подобра цврстина на апаратот. Надворешниот дел од заштитната кутија на апаратот е обложена со налепница или украсно природно дрво, премачкано со природен заштитен премаз од висококвалитетни смоли, кои немаат никакво штетно влијание врз животната околина. Бојата на заштитната кутија е сосема природна - боја што ја има самото дрво. На самата дрвена обвивка на Био-СПХ има заштитен знак нанесен со жигосување од 230оC. Особено внимание е посветено на самата форма на заштитната кутија на апаратот, која е едноставна и нема никакви негативни микровлијанија во просторот.

Формата на Био-СПХ како геометриско тело има извесни позитивни микровлијанија за живиот свет во просторот.
Формата, бојата и материјалот се позитивно оценети и од експертите по Feng Shui.
Не постои опасност од механичка повреда со Био-СПХ.
Од самиот состав на апаратот може да се заклучи дека истиот нема штетно дејство врз животната околина. За неговата функција говорат и бројните експертизи, мислења, атести, сертификати, референци, научни трудови, признанија и др. Еден дел од нив е прикажан во сертификати.

 

НАЧИН НА ДЕЈСТВУВАЊЕ

Физичко-теоретски толкувања за функцијата на Био-СПХ

Скоро сите бранови вклучувајќи ги водните и електромагнетните, подлежат под исти физички закони.
Според тоа, анализата за интерференција на бранови може да ја отслика функцијата на Био-СПХ. Имајќи го во предвид фактот, дека Био-СПХ со својата функција емитува ниски фреквенции на магнетна компонента, која позитивно се одразува за живиот свет, а значително ја намалува електричната компонента исто така од пониските фрекфенции, која е штетна по здравјето и опстанокот на живиот свет.
Функцијата на Био-СПХ слободно може да се окарактеризира дека се одвива по пат на интерференција на брановите, при што можеме да го најдеме објаснувањето за заштитната функција. Таа функција на Био-СПХ може сликовито да се објасни со брановите на површината на водата, со што може да се претстави принципот на интерференцијата на брановите, кога на неа се создаваат бранови од точкестите извори Ј1 и Ј2 од кои Ј1 претставува извор на зрачење, а Ј2 функцијата на Био-СПХ (сл. 2 а и 2 б). На површината на водата се формираат два кружни површински брана, кои постепено се повеќе се прекриваат и даваат еден резултантен бран. Концентричните кружници, кои произлегуваат од изворите Ј1 и Ј2, ги претставуваат фронтовите на брановите кои се шират по површината на водата. Точките каде тие се сечат се места во кои настанува појавата на интерференција (сл.2  а).

 

Слика 2 а Интерференција на два брана (Петровски, Темелковски, 1991).


Слика 2 б. претставена е интерферентната слика на водени бранови

(Петровски, Темелковски, 1991).

 

Појавата на сложување на два или повеќе бранови е наречена интерференција на брановите.
Всушност, процесот на интерференција претставува алгебарско собирање на поместувањата на честиците при нивното осцилирање, предизвикано од двата брана. Резултат од ова е дека поместувањата на некои места се собираат (брановите се засилуваат), а на некои места поместувањата се одземаат (брановите ослабуваат).

Ако брановите се со еднаква амплитуда, тие на местата каде што се одземаат поместувањата-наполно се поништуваат, како што се и резултатите од функцијата на Био-СПХ.

Теоријата покажува дека за да дојде до појавата интерференција на брановите, неопходно е, пред се, брановите извори да имаат иста фреквенција, а фазата на нивните осцилации да се совпаднува или да се разликува за некоја константна големина, независно од времето. Изворите кои го исполнуваат
овој услов се викаат кохерентни извори, а брановите кои тие ги создаваат-кохерентни бранови. Значи: можат да интерферираат само кохерентните бранови.

Оттука може да се забележи дека и функцијата на неутрализаторите-трансформери Био-СПХ не се однесува на сите фреквенции туку само на одделни, и тоа на пониските (сл. 3 и 4). Токму тие се и најагресивни на ниво на клетка и затоа користењето на Био-СПХ дава брзи и ефикасни резутати.


Слика 3. График за подрачје на функција на Био-СПХ, од атестирањето во Германија (д-р Франк Оттен)

 


Слика 4. Намалени електрични фреквенции со примена на Био-СПХ, до 400 kHz добиени од лабараторијата во Германија  (д-р Франк Оттен)

 

Заклучок

Од горе дадените научнотехнички факти може да се заклучи, како и во кој дијапазон делува Био-СПХ.
Оттука произлегува и различноста на Био-СПХ од другите сретства наменети за заштита од електромагнетни зрачења, а истовремено и потреба од поголема оправдана афирмација на производот на домашен и странски пазар, како и од потребата и улогата на Био-СПХ во секојдневниот живот.