БИО-КВАНТНА ПИРАМИДА- bio Quant

Квантната физика ја истражува најмалата физичка величина што постои. На пример, фотонот претставува квант, односно електромагнетна интеракција. Најчесто таа енергија, и ако е тешко достапна за мерната перцепција, сепак може на различен начин да влијае врз човечкиот организам, врз здравјето, општата состојба, како и врз другите животни процеси.

Таа енергија може да биде ненамерна и целна.

- Ненамерната енергија може да се создава најчесто од човек, и тоа, пред се од силни емотивни ефекти од душевна и телесна болка од различни причини, како на пример: садистички мачења и убивања, душевни болки предизвикани од болест на телото или потрага по некој член од семејството, постојани кавги со психички и физички тортури и сл. Кај сите овие процеси има наплив на силна емотивна-животна енергија која се акумулира во просторот и предметите а потоа може да се пренесува и на други лица кои ќе живеат во тој простор.

- Целните негативни енергии се создаваат со помош на разни мантри-молитви за зло кон одредена личност или семејство, таа енергија се акумулира во  вода или друга материја и со принесување кон целта таа енергија може да влијае врз процесот во живеењето на личноста или семејството за која е наменета.

Енергетските центри, т. н. чакри, односно животната енергија на човекот може на таков начин да биде блокирана или потисната поради што настануваат различни проблеми, болести или негативни состојби на телото и духот. Ваквите блокади придонесуваат за намалување на психофизичкиот развој кај децата, а кај возрасните душевен немир, влошување на психофизичката здравствена состојба, стагнирање на приватниот и професионалниот развој, нарушување на способноста за комуникација со други луѓе и сл. Во минатото оваа појава се сметала како недостиг на среќа, магиско влијание и слично, но во секој случај, повеќе или помалку позната, истражувањата покажуваат дека сепак е реално и присутна. Оттука се верува дека неслучајни се некои семејни трагедии, неуспех во животот кај лицата, појава на отделни болести и сл.

ЗАШТИТА ОД НЕГАТИВНИ КВАНТНИ ЕНЕРГИИ

Отсекогаш за секоја човечка неспособност, или недоволна и несоодветна ангажираност во целокупниот процес на живеење, лицата се сомневале за постоење на некаква негативна енергија за што барале решение по баби, оџи,  дервиши и сл. Не секогаш барателите на вакви услуги биле задоволни од помошта. Еден дел од нив со плацебо ефект имале извесни подобрувања. Само еден мал дел од барателите на вакви услуги навистина ја почуствувале разликата кон подобро. Од причина што постојат бројни несовесни измамници, од кои многу лица кои со доверба побарале таква услуга, биле измамени на разни начини.

Оттука и идејата да се изврши конструкција на техничко-материјално решение кое ќе може да ја разбива таа негативна енергија и да создава хармонија во просторот. Конечно во Јули 2012 се конструира техничко решение наречено Био-квантната пирамида - bio Quant.

Био-квантната пирамида е конструирана од страна на д-р Стојан Велкоски се со цел да изврши соодветна заштита од различни негативни квантни влијанија кај луѓето, како и во просторот во кој тие престојуваат, а ефектот е  хармонизација на просторот и лицата.

Името Био-квантна пирамида - bio Quant го има добиено од:

- Био- живот или енергија која потекнува од живо суштество или за живот;

- Квант- енергија која е недостапна за основните физички параметри, а е присутна;

- Пирамида- самата форма на овој природен генератор е во пирамидална форма.

Специфичноста на Био-квантната пирамида bio Quant е во тоа што таа според сите емпириски и практични анализи благопријатно функционира во просторот каде престојува човекот и врши хармонизација. Ефектот од нејзе е позабележителен доколку во просторот или лицата има присутна таква негативна енергија, по поставување на bio Quant пирамидата тие лица чуствуваат похармоничен живот. Според анализите се смета дека елементите поставени во  био квантната пирамида создаваат извесна микро осцилација во просторот, при што ја уништува негативната прилепена или акумулирана енергија создадена од човечки фактор.

Состав и изглед на Био-квантната пирамида- bio Quant

bio Quant е во пирамидална форма (сл. 1-3) составена од прецизно обработени и распоредени горски кристали со различна големина и форма, мембрани, различно поставени форми на кварц, кристален натриумхлорид и сл. Сите овие елементи имаат можност да осцилираат во една заедничка целина и да го хармонизираат просторот во радиус на околу 7-10 метри досегајќи притоа и преку ѕидовите во објектот на престојување. Лицата во тој простор се деблокираат и ослободуваат од претходно блокираната енергија и повторно можат да ги почувствуваат благодетите и да воспостават баланс на сопствената енергија и животна сила.

Слика 1. Скица на поставеноста на одделни елементи во Био-квантната пирамида - bio Quant

 

Слика 2. Надворешен изглед на Био-квантната пирамида- bio Quant

 

Слика 3. Пример за изгледот и поставеноста на - bio Quant

 

Начин на користење:

Био квантната пирамида се поставува во работниот или семејниот простор со една од било која страна насочена кон исток.

Се поставува на комода или слично, поставена со своите страни исток запад север југ, а по поставувањето веднаш дејствува.

 

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ

Најновите истражувања укажуваат дека bio Quant пирамидата најефективно дејство за прочистување на негативната енергија од просторот има во период од 12-15 часот, но таа делува и во другиот период од деноноќието со послаб но константен ефект.  Како и од претходните сознанија, нејзината активна примена може да биде и постојана. Може еднаш месечно 2-5 дена да се блокира нејзината функција со ставање во црна ПВЦ фолија, но не е задолжително.

По извесен временски период од следењето на функцијата на Bio Quant пирамидата, откриено е дека има незадолжителна потреба од повремени протресувања на самата пирамида, да се слушнат тропкањата на кристалите во внатрешноста. Ваквите благи протресувања можат да се прават еднаш месечно или и на поголеми временски интервали по околу 1 минут. На овој начин кристалите во внатрешноста се ревитализираат и имаат по долготрајно дејство. При протресувањето да се внимава да не ви испадне од рака генераторот или да се повредите, потоа повторно се става на истата локација со страните свртени според страните на светот.

Рок на траење: Неограничен, со препорака за по три годишна употреба да се изврши обновување со друга, а претходната да се затвори во црна ПВЦ фолија и да мирува наредните три години. По три години затворената пирамида е рестартирана и може да се замени со другата и така тој процес неизменично се повторува.

 

НЕСАКАНИ ПОЈАВИ

Bio Quant пирамидата пред се е составена од природни кристали, не се напојува со додатна енергија, а според тоа нема шум, вибрации, светлост, зрачења, испарувања и др. Поради тоа е окарактеризирана за неутрален елемент во животната средина.

Кај многу ретки случаеви при чистењето од негативната енергија, може да се забележи и извесен немир, но по расчистувањето на негативната енергија со тек на време тоа чуство исчезнува. Понатамошната употреба може само да ги заштитува лицата и просторот од негативни енергии.

До сега не се познати никакви негативни појави, отсем во некои случаеви може да се случи да парите како пари ги третира како негативна човечка енергија па и истите да ги одвраќа.

Решение

За решавање на оваа појава за тие bio Quant пирамиди кои се земени до 20.07.2015 треба да се направи следното: се зема исклучиво една монета од еден денар, во горниот агол од пирамидата денарот треба да биде порамнет со страничните агли од пирамидата за да не стрчи надвор од самата пирамида, потоа со надворешната страна од денарот да биде бројот 1 и свртен правилно да се гледа самиот број 1, да небиде легната единицата или обратно свртена, се залепува со салотеп или некој друг лепак колку да стои монетата. Така приготвениот пирамидален генератор повторно се поставува на место но свртен со монетата кон исток.

Вака пригоптврениот bio Quant генератор веќе нема парите да ги смета за негативна енергија и да ги одвраќа. Новите bio Quant генератори уште во самиот процес на монтажа е решено ова прашање и за тие по 20.07.2015 година не важи оваа процедура.

 

ДОСЕГАШНИ РЕЗУЛТАТИ

Со оглед на релативниот краток временски период откако овој природен генератор е пуштен во употреба постојат разновидни појави кај поголем број од анкетираните корисници, како на пр:

- поголема психофизичка смиреност;

- исчезнување на некои негативни симптоми и болки кои од медицински аспект биле недоволно решливи;

- расчистување на некои семејно-деловни проблеми кои од непознати причини биле блокирани;

- чуство на поголема сигурност и среќа;

- отварање на нови видици во животот;

- помирен сон;

- забележано е дистанцирање на лица кои биле со негативна помисла кон некој од семејството или цело семејство;

- децата по мирно спијат и нивната здравствена состојба се подобрува;

- и многу други позитивни промени.

ИСКУСТВА ОД КОРИСНИЦИ

- При една ситуација во н.Влае каде што една млада девојка и покрај секојдневните физички и психички тортури од страна на својот венчан сопруг таа слепо опстануваше во таа неприродна заедница. Повеќепати го имала напуштано својот сопруг но безуспешно, по еден или два дена му се враќала и повторно доживувала иста состојба. По поставување на био-квантната пирамида хипнотичкото дејство на таа млада дама исчезна и го избра својот реален пат. Веднаш по заштитата наредниот ден нејзините родители приметија нешто што претходно не го забележувале, пред влезната врата имаше кајсија а на една од гранките виделе како дехидрирана змија е обесена со конец што претходно не ја забележувале која веднаш е исфрлиле.  Оттогаш на тоа семејсво им се врати хармонијата.

- Во еден случај еден бизнисмен отвара неколку претставништва со различни партнери за заеднички бизнис. По една година од тој бизнис кој бил во скоро постојани загуби бизнисменот поставува во работните простории био-квант и за краток период одлучува да ги затвори две претставништва-подружници. Веднаш потоа неговите два различни партнери иако до скоро не се наслутувало многу му покренуваат судски спорови за некакви наводно злоупотреби на сретства ретроградно од денот на отварање. Од тоа веднаш може да се забележи со каков план биле тие партнери од самиот почеток, и доколку не се случеше затворањето на соработката во заедничкото работење во тој случај ќе се наталожиле мноштво подметнувања а последиците за добронамерниот бизнисмен ќе биле далеку поголеми.

- По поставувањето на био-квантната пирамида кај многумина им се решени проблемите кои ги имале, на пр: добиваат принова, се женат или мажат за добри партнери и сл.

- Во еден случај во н.козле еден 60 годишен човек му се појавува болки и грч во мускулот кај потколеницата. Неколку месеци траеа разни испитувања се до земање на ткиво за анализа и не се знаеше причината. Откако поставиа био-квант за 2 дена го откриваат нерешливиот проблем а тоа било само некаква зачаурена бактерија за која проблемот се реши само со таблетки.

- Во еден случај во н.водно откако се постави генераторот веднаш на комодата се оцртаа човечка дланка со долги прсти кои по извесен временски период се изгубиа а кај семејството се створи хармонија.

- Во населба Хром, во едно семејство од мајка син и ќерка владееше голем немир, стопанот на куќата беше починат пред неколку години. Откако поставија био-квант пирамида веднаш потоа ќерката се омажи а во куќата се пронајдоа повеќе сомнителни предмети за кои семејството не знаеле на пр: во поткровјето над спалната соба синот пронашол 4 кокошкини јајца од кои едното скршено а трите цели но сите дехидрирани, како преносно значение имаме во семејство од 4 члена едниот починат а тројцата во постојан немир и нервоза, исто така пронајдоа повеќе врзулки од животински и друг карактер.

Многумина корисници по поставување на био-квантната пирамида, во својот дом најдуваат разни елементи пред се од животински карактер поставени на одрердени локации а претходно за станарите било невидливо затоа што биле под извесна хипноза.

- Во Септември 2014 во една ординација за природна медицина во Скопје се сретнав со една пациенка со мултиплехс склероза, во скоро неподвижна состојба. По барање на нејзиниот здравствен терапефт и нејзина желба извршив контрола на нејзиното био поле од кое се осозна дека постои можност да нејзината дијагноза е како резултат на внесени негативни квантни енергии. Почнав да се интересирам за нејзината состојба но и за состојбата на нејзиното семејство и соседите од тој кварт. Откриено е дека кај скоро секоја куќа-семејство, имаат или смртен случај или тежок болесник. Додека сеуште беше во ординацијата и донесовме еден квантен генератор за да го види. Веднаш таа почна да чуствува мачнина и нагон за повраќање. Генераторот веднаш го тргнавме и таа се смири. Тие симптоми ги имала и наредните три дена затоа генераторот кој го зема повремено го затворала со специјалната заштита и повторно го вадела. За тие три дена многу слично се чуствувала и нејзината тринајсет годишна ќерка. По три дена нејзината здравствена состојба за нијанса беше подобрена а за конечното опоравување ќе зависи и од тоа колкава е досегашната штета претрпена по нејзиното здравје, која терапија ќе ја примени и други околности. Ваквите симптоми се познати и кај други корисници, а потоа следува ослободување од теретот кој му е наметнат на индивидуата.

- Духовни натрапници

По барање на лицето О.Ѓ 37 , за детекција од штетни зрачења во нејзиниот стан на ул Велко Влаховиќ во Скопје, квечерината на 03.01.2015 се изврши посета и мерење на лице место. Се востанови дека во станот лицето е вселено 2 месеци, при детекција откриено е присуство на геопатогено и космичко зрачење. Додека сето тоа и го образложував на новата станарка која сама живее во тој стан, почуствував дека во станот има присуство на духовна енергија позната како дух. Веднаш е запрашав дали почуствувала нешто необично, таа кажа дека при самото вселување еден лустер од бањата без причини самиот од себе се откачил и паднал кршејќи се. Наредниот ден исто така и друг лустер се откачил и паднал нанесувајќи материјални штети. Сето тоа било необично но лицето Г-Ца О.Ѓ немала друго решение. Откако и кажав за можностите на Био-квантната пирамида таа веднаш прифати покрај трансформери за заштита од електро магнетно зрачење да користи и био квантна пирамида. По 7 дена повторно случајно се сретнав со лицето Г-ца О.Ѓ и ми кажа дека многу подобро се чуствува но на третиот вечер во 02,30 часот при спиење почуствувала силна болка на грбот. Утрото кога пред огледало се погледнала забележала три забраздени рани на грбот исто како да е направено со човечка рака и нокти, но како да почуствувала дека тоа било одмазнички како духот пред да го напушти просторот. Отогаш не приметила дека има нешто сомнително како чекорење преку ноќ или сл. Сега Г-ца О.Ѓ станува наспана и одморна без главоболки и други симптоми.

- Лицето Б.М, од Скопско, долгогодишни мои пријатели има син и ќерка, ќерката мажена и живее во странство, синот живее во истиот семеен дом со родителите. Откако се скарале со своите соседи за некој имот тие постојано пред својата порта наоѓаа разни нешта, коски, крв, врзувани нешта и др. Кај нив отпочнува тежок период, синот почесто се расправа со својата сопруга и родители, немаат сеуште принова-деца иако од медицински аспект било се во ред, родителите исто така се во меѓусебни постојани расправии. Дојде време синот се разведе а новите познанички кои ги запознаваше беа се по негативни и тој неможеше да се одлучи, разочаран и потиштен тој еден период се повлече дома и не му се излегуваше никаде. Таткому побара решение и зимото 2014 му постави bio Quant генератор во неговата соба. Истата година пролета 2014 во нивниот двор во едно празно буре кое беше оставено во објектот за оставнина (шупа) им се загнезди пчелно семејство-рој. Тие изненадени го префрлија ројот во сандук и го однесоа на една викендица, јас веднаш им кажав дека тоа е добар сигнал за семејството М.  Во 2015 зимото веќе синот запознава девојка која навистина си одговараат и во јули  2015 бев поканет на свадба. Од оваа брачна двојка очекувам само позитивни резултати.

- Лицето г-ѓа С. П, од Скопје се јави и по благодарноста од ефектите од Био-квантнот генератор меѓу другото рече цитирам: Ќерками М.П 34, пред точно 3 години се разболе и се повеќе беше во неизвесност со тоа што се онесвестуваше, и се лошеше, имаше страв и вртоглавица и постојано седеше во затворен простор скупчена во вид на фетус во мајчина утроба. Медицината и даде неколку дијагнози од кој психички и епилепсија. Јас избезумена за својата ќерка бев по некои обврски накај МВР и одеднаш како некој да ми проговори побарај спас во Сончев Зрак. Сончев Зрак беше пред МВР, влегов внатре и на д-р Велкоски му ја кажав маката и му кажав дека ќерками лежи во државна болница. Тој ми препорача Био-квантна пирамида да ставам дома и со страните према страните на светот свртена. Имав во моментот пари во моментот и веднаш ја набавив. Откако е поставив дома наредниот ден ќерками ми се јави и побара да ја однесам дома за да се истушира. Ја однесовме дома и само што влезе во купатило почна да повраќа, исповрати и се истушира. Во истиот објект живее една моја снаа, влезе внатре и ми се нафрли како јас сум била виновна за ќерками, нејзиниот гнев према мене наликуваше на гнев од див ѕвер, јас останав смирена и само ја посматрав таа појава. Ќерками ми се обрати и ми кажа дека веќе не чуствува потешкотии. Оттогаш ќерками живее без проблеми како ништо да небило претходно а сега е и во странство. Сакам да земам уште еден квантен пошто оттогаш поминаа 3 години за да ги сменам односно да го ставам во мирување овој што го имам, завршен цитат.

Добар дел од искуствата несе за јавна презентација, поради конспиративноста и екстремната појава за која сеуште несме доволно запознаени.

- Лицето Г.Х медицинско лице од Крива Паланка, во последните 5-6 месеци се сооцува со еден медицински феномен, четири членото семејство имаа немир и нервоза но и некоја неидентификувана појава со стомачни и генитални болови, сите испитувања и со редовни лабаратории не се идентификувало никакви причини. Се до 29.10.2016 кога извршија застита од квантна енергија наредните испитувања открија дека поседуваат извесна бактерија и проблемот се реши. Истите испитувања претходно се повторувани на скоро секој десетина денови но  не го идентификувале проблемот.

Зошто и како ?????

- Лицата С.Ј и Ц. И лјубовни и деловни партнери од Скопје, по 12 години се соочуваат со нервоза, неподнесување па дури и физички пресметки без никакви причини. Сето тоа се случува од месец февруари 2016, во Октомври истата година кулминира проблемот и по физицката пресметка одлуцуваат да се разделат. Истиот момент ја сваќаат нелогичноста и побараа помош. На ден 09.11.2016 во 21,30, се отиде и на лице место и се постави квантен генератор и се изврши дополнително прочистување, при излагање од објектот се случи извесна експлозија и светлосен ефект на идна бандер наспротив вратата на околу 10 метри. Таа појава е забележа и еден од партнерите кој остана без зборови. Не стануваше збор за никакви електрични празнења туку ?????

Веднаш уште наредниов ден тие повторно се заедно со лјубов и почит.

МИСЛЕЊЕ

Од досегашните анализи и емпириски мерења може да се заклучи дека кај поголем број од корисниците има забележителни резултати. Нивното опишување не се содејствува со досегашните физички закони, па според тоа таа појава можеме само да ја следиме и забележуваме. Позитивните ефекти добиени од корисници укажуваат дека тие појави како позитивни промени за сегашно време се несфатливи, но сепак реални. Позабележителни промени се јавуваат таму каде што нивната енергија која ги движи мислата, идејата, контактите и другиот духовен процес на индивидуите, по разни основи им бил блокирани, а потоа со помош на bio Quant пирамидата се деблокираат.

Истражувањата со примената на bio Quant пирамидата продолжуваат, упатствата за корисниците можат да претрпат извесни корекции или дополнувања во зависност од понатамошните резултати.

Видови

Според видовите на bio Quant, постојат два типа според ефикасноста или опсегот на дејствување итоа:

1. Био-квантна пирамида - bio Quant со дејство до 7 м.

2. Био-квантна пирамида - bio Quant со дејство до 10 м.