ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ПОВРЗАНИ СО ЗАШТИТАТА СО БИО-СПХ


- М.Ј. од Охрид. Дали се напојува со струја?

Био-СПХ го користи константното Земјино електромагнетно поле и не користи дополнителна енергија. Био- јонизаторот, меѓу другото, користи и електрична енергија.


- Н.Н. од Гостивар. Дали ќе ме излечи Био-СПХ?

Био-СПХ не спаѓа во групата на лекови. Био-СПХ претставува превентивна заштита за човекот и за другиот жив свет од штетните електромагнетни зрачења. На тој начин организмот непречено може да се бори против болеста што ја има. Во зависност од дијагнозата, терапијата, начинот на живеење, регенеративната моќ, кај поголем број на корисници болеста стагнирала или исчезнала.
Долгогодишната пракса покажала дека сите луѓе не реагираат исто на електромагнетното зрачење. Од времето на изложеноста, сензибилитетот, поставеноста на леглото или на работното место, стресовите, начинот на исхрана и живеење, генетските предиспозиции, видот на изворот на зрачењето, полот и сл., зависи во кој временски период и од која болест ќе се разболи изложениот (погледни статистика за околу 20.000 луѓе).
Човечкиот организам со текот на времето се приспособил на самиот простор, ентериер, био-архитектура на самиот објект, кревет и на ред други околности. Зрачењето што е присутно во просторот има штетно дејство, а организмот го прифатил. Страда од несоница, кошмари и слично. Откако ќе се отстрани зрачењето, организмот во ретки случаи веднаш реагира. Може да се разбудите порано, бидејќи сте одморени или ако сте имале висок крвен притисок, под дејство на Био-СПХ тој може да се намали, односно да се регулира. Тоа е исто како кога, на пример, човекот што живее во индустриски град да излезе еден-два дена на повисоко место, на чист воздух. Веднаш ќе почувствува главоболки и слични симптоми, како рекација на приспособувањето на организмот на чиста, односно безбедна зона.


- И.Г. од Гевгелија. Зошто уште во првите денови се будев многу порано и без тахикардии, главоболки и хроничен замор, дали тоа значи дека Био-СПХ ме излечи за неколку дена?

Био-СПХ извршил заштита од електромагнетно зрачење и дејствувал позитивно врз Вашиот организам. Вашите здравствени проблеми биле резултат само на присуството на електромагнетното зрачење, но сé уште без трајни последици по здравјето. Во ваков случај мошне брзо се отстрануваат симптомите на замор, болки и др.


- З.Г. од Велес. Дали Био-СПХ ќе ги штити соседите што се спроти или над мене?

Био-СПХ има тројна улога:
1. Заштитува од електромагнетно зрачење. Лабораториски е докажано дека Био-СПХ заштитува околу 7 m во радиус на отворен простор. Секој преграден ѕид го намалува неговото дејство. Ако има подземен потесен бран, и соседите што се над вас ќе бидат заштитени до извесна мера.
2. Био-СПХ има облагородувачко позитивно дејство во радиус од околу 30 м, а преградните ѕидови за таа функција не му пречат. Ова негово дејство е докажано со радиестезиски (емпириски) мерења.
3. Третата функција се однесува на Био-јонизаторот, кој, покрај двете споменати функции, врши и регулација на јоните во просторот. При тоа нема никакво штетно дејство предизвикано со неговата функција.


- Ј.В. од Кичево. Дали БИО-СПХ негативно ќе влијае на моите соседи?

Био-СПХ врши неутрализација, трансформација и облагородување во просторот. Не го поместува електромагнетното зрачење, не го рефлектира и, според тоа, не ја загрозува животната околина.
- Како дејствува Био-СПХ?
Био-СПХ е апарат неутрализатор-трансформер, кој со својот состав и конструкција претставува патентирано и атестирано решение. Био-СПХ за својата функција го користи константното Земјино електромагнетно поле, го намалува интензитетот на фреквенциите и дејствува на поларитетот од бранот, така што бранот веќе нема деполаризирачка моќ врз клетката. Био-СПХ со својата функција врши хармонизација на меѓуклеточно ниво, при што се подобрува имунитетот и организмот може подобро да се бори и да опстојува.


- Н.Х. од Прилеп. Откако го користиме Био-СПХ дома и на работа, многу подобро се чувствувам, а некои болести исчезнаа. Дали Био-СПХ има плацебо-ефект?

Неутрализаторот-трансформер Био-СПХ не функционира врз религиозна, митолошка основа или врз празноверие. Био-СПХ е патентиран, клинички и технички атестиран, а со тоа е научно признат и докажан. Негова функција е достапна за техничката мерна перцепција. Овие студии комплетно ја отфрлија можноста за автосугестија или за плацебо-ефект. Со тоа слободно може да се каже дека Био-СПХ е техничко решение, кое врши сигурна заштита од електромагнетни зрачења и го облагородува просторот каде што се живее и работи.


- Х.У. од Битола. Дали канцерот се појавува како резултат на електромагнетни зрачења?

Според резултатите од направената студија која опфати повеќе од 10.000 луѓе, а со која се изврши детекција на зрачењата во домовите (спални соби) и работни места, можеме да тврдиме дека 95% од заболените или починатите од малигни болести, извесен временски период биле изложени на природни извори на зрачења (најчесто космички и геопатогени). Студиите направени на фармите го потврдуваат истото (види статистика).


- З.И. од Тетово.  По што се разликува Био-СПХ од другите понудени заштитни средства или направи?

Некои од овие направи го поместуваат само подземниот бран странично за околу 1-2 м. Оние кои се исполнети со кварцен песок или сл. материјал, дејствуваат позитивно во просторот краток период и потоа се во состојба да рефлектираат извесни зрачење или да бидат неутрални. Има и направи што позитивно влијаат со својата форма и боја. Секое позитивно влијание е добредојдено, но не и конечно решение. Био-СПХ има заштитно и облагородувачко дејство во просторот. Тој е техничко решение, кое истовремено врши заштита од космички, подземни и технички извори на зрачење. Функцијата на Био-СПХ се следи повеќе од 15 години и не се откриени негативни ефекти кај луѓето и кај животните. Напротив, Био-СПХ дава големи позитивни резултати во заштитата и подобрувањето на некои болести кај луѓето и животните.
Био-јонизаторот, покрај горе споменатите функции, има уште една многу важна - регулирање на јоните во просторот, при што нема штетно влијание од електричниот напон.
Био-СПХ е патентиран, технички и клинички атестиран.
Функцијата на Био-СПХ е сигурна 100% и е докажана со безброј научни трудови.
За функцијата на Био-СПХ постои гаранција и сервис.


- Н.Ј. од Скопје. Во мојата повеќекатница во последните 18 години има неколку самоубиства. Што е причината за тоа?

Резултатите добиени од долгогодишните научни истражувања докажуваат дека во поголемиот број на самоубиства, леглата на жртвите во спалните соби биле изложени на електромагнетни зрачења. Изложените чувствувале нервоза, агресивност, што резултирало со “нервен слом” и обид за самоубиство. Тие што го користат Био-СПХ не ги чувствуваат споменатите симптоми (види во статистика корисници).


- Љ.З. од Струга. Зошто само мојот родител имаше сериозна болест и почина, а другите станари во зградата немаат? Ако има зрачења, би требало и тие да имаат здравствени проблеми?

Постојат за жал повеќе регистрирани случаи каде што кај едно лице починале 2-3 или повеќе брачни партнери. Истражувањата покажаа дека токму од таа страна на лежајот кај починатите има активен космички јазол или гпз. Оттука може да се заклучи дека зрачењата во просторот, особено од природните извори се во строго прецизни димензии, мерено во cm. Можеби Вашиот починат родител спиел или работното место му било на космички јазол или гпз.

Другата можност е дека не сите лица подеднакво се чуствителни на зрачења, па оттаму Вашиот родител може да бил пречуствителен и истовремено изложен на зрачења.

Третата можност е за постоењето на генетско заболување, каде што другите надворешни фактори и да не се присутни, сепак проблемот ќе настанал.


- Ј.О. од Скопје. Зошто откако вчера го поставив Био-СПХ полошо спиев?

Лицата кои живеат во поголемите, особено индустриски градови, кога за краток викенд ќе појдат на некое повисоко планинско место на чист воздух, чуствуваат главоболки, вртоглавица, пореметен крвен притисок и сл. Веднаш се запрашуваме зошто се чуствуваме полошо од претходно, а тука сме за подобро да се чуствуваме.

Нетреба да заборавиме дека, целокупниот жив свет тежнее кон прилагодување на околностите, дури и ако тие околности се одразуваат штетно по нивното здравје. Врз основа на ова и Вашиот случај се базира на промена на надворешните фактори, во конкретниов случај намалување на зрачењето во просторот. Потребни се неколку денови Вашиот организам да се прилагоди на безбедна локација. Пред се постои можност и Вие да сте пречуствителни на зрачење. Кога повторно ќе се најдете во простор со засилено зрачење, ќе го почуствувате истото.

Доколку по стабилизирањето на Вашето здравје и симптоми, повторно почуствувате: несоница, тахикардии, болки по телото, хроничен замор и слично, посомневајте се во исправноста на Био-СПХ и веднаш донесете го на контрола.

За неговата исправност грижата и обврските ни се заеднички.

Сметаме дека поголем дел од Вашите прашања Ви ги одговоривме, но и понатаму Ви стоиме на располагање.