ФАКТИ


Должност на секој производител или дистрибутер е да ја презентира улогата и функцијата на производот што го нуди. Презентацијата мора да биде поткрепена со валидни сертификати и со други научнопотврдени факти. Важно е да се бараат атести за функцијата, особено ако се работи за производ што е наменет за превенција односно заштита на животната средина. Често среќаваме разновидни бомбастични реклами за даден производ. Притоа за неговата функција и ефект многу малку се зборува. Доказите се двосмислени, недоречени, со сомнително потекло или нестручно поткрепени. Овој сериозен проблем е навлезен и во полето на заштитата на животната околина од електромагнетни зрачења.
Денес се сретнуваме со разни направи и апарати за заштита од електромагнетни зрачења за кои нема никакви научни сертификати, атести и слично. Дали не е криминал тоа што луѓето нудат толку чувствителни, а несоодветни и лажни апарати?
Корисникот на таков апарат за заштита од електромагнетни зрачења, верува дека го решил проблемот за своето семејство. Но, бидејќи апаратот е нефункционален, зрачењето и понатаму дејствува. Дали тоа не е индиректно убиство? Статистиката докажува дека повеќе од 95% од заболените од малигни тумори извесен период биле изложени на геопатогени или космички зрачења во спалните соби или на работното место.
Доказите за функцијата на овој тип заштитни апарати најчесто се добиваат по емпириски пат, со емпириски методи од извесни практичари со сомнителна стручност. Овие методи можат да дадат и неточни резултати и да бидат под влијание на потсвеста на индивидуата, односно практичарот. Во одредени случаи поради користењето на такви заштитни апарати може кај еден дел од корисниците да се јават извесни позитивни чувства. Овие резултати најчесто се резултат на плацебо-ефект, односно на автосугестивна основа.
Еден посериозен проект за заштита од зрачења има потреба и од посериозни научни студии. Ваквиот проект мора да се состои од долгогодишни повеќе истражени сегменти, како на пример:
- конструкцијата на апаратот;
- подготвување студија за дејството на апаратот за секоја пооделна фреквенција и други технички карактеристики;
- функција на апаратот;
- контрола на функцијата со задолжителен технички метод;
- долгогодишна студија кај луѓе кои го користат апаратот;
- студија за можни нус појави кај корисниците;
- студија од можното штетно дејство од самиот апарат;
- студија во магнетни опсерватории, кои ќе го идентификуваат можното зголемување на константното електромагнетно земјино поле со примена на апаратот;
- сертификати за нејонизирачко зрачење од самиот апарат;
- статистички податоци;
- многу други научно-истражувачки студии, кои ќе ја дадат целината на еден апарат за заштита на животната средина од електромагнетни зрачења.
Досега во светот постои само една програма, која ги задоволува сите техничко-технолошки, а пред сé функционални особености. Тоа е Био-СПХ. За Био-СПХ говорат многубројните научни студии, елаборати, сертификати, референци. Еден дел од овие научни студии и докази на функцијата се презентирани во оваа веб-страница.притиснете тука.

РАДОН

Радонот е хемиски елемент со симбол Rn и атомски број 86. Тој е радиоактивен, безбоен, без мирис, без вкусблагороден гас. Радонот може да биде попратна дополнителна закана за здравјето на изложените, а потекнува од длабоките слоеви од Земјата, најчесто се пренесува (транспортира) преку геопатологијата и доколку постои зголемена концентрација на радон во просторот кај изложените постои закана по нивното здравје и живот.

За подетални информации за детекција на радонот може да се јавите преку електронска поста Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на телефон 3137-555.