СТАТИСТИЧКА АНАЛИЗА

За секој научен пристап кон било која иновација потребни се соодветни научно-истражувачки активности. Статистичките резултати претставуваат фундамент на скоро секоја научноистражувачка работа. Преку статистичките резултати може да се увидат позитивните функционални ефекти на иновацијата, без кои иновацијата не може да опстане.

Статистичките обработки на резултатите претставуваат основен научно-истражувачки податок добиен со помош на одредени официјални параметри. Поради тој аспект, за еден ваков сериозен повеќегодишен проект, во кој се опфатени шталски грла крупен добиток и лица,  неоправдано е да не постојат статистички обработки на резултатите.

 

МАТЕРИЈАЛИ И МЕТОДИ

За изработка на овие научни студии опфатени се 15.000 лица и 8.000 шталски крупен добиток (крави, телиња и бикови). Научните студии се работеа 20 години, а при тоа се земени предвид сите заштитно-безбедносни околности за испитаниците. За детекција на присутните зрачења се користени традиционални и современи методи и апарати, а истражувањата ги вршеше професионален и обучен кадар, предводен од д-р Стојан Велкоски.

Краварските фарми се земени како предмет на анализа од едноставна причина што кај овој вид на испитаници нема можност за психолошки, односно плацебо-ефект и тие грла се наоѓаат постојано под исти услови.

 

ЦЕЛ

Целта на овие научни студии е да се проследи:

1. Анализа и мерења на присутните геопатогени и космичките влијанија во шталите, семејните и работните простории;

2. Анализа на здравствената состојба и последиците на изложените грла и лица ;

3. Заштита со Био-СПХ и споредбена анализа на ефикасноста кај лицата и грлата;

4. Обработка на штетноста од космичката (с) мрежа, за потребите на научните студии за авторот д-р Стојан Велкоски;

5. Статистичка обработка.

 

Методологија за статистичките обработки

Во статистичката анализа на резултатите добиени од истражувањето користевме дескриптивни и аналитички методи. За опис на резултатите од студијата ги користевме следните параметриски и непараметриски методи на дескриптивната статистика:

• Фреквенции;

• Проценти;

• Аритметичка средина (Средна вредност);

• Стандардна девијација.

За тестирање на нултата хипотеза и за добивање валидни научнофундирани заклучоци ги користевме следните параметриски и непараметриски аналитички статистички тестови:

• Хи-квадрат тест на слагање (x2);

• Студентов Т-тест за два големи неврзани примерока;

• Студентов Т-тест за пропорции;

• Анализа на варијанта за пропорции (АНОВА) со тест на квадрат на најмали разлики (ЛСД-тест) за меѓугрупни разлики.

Нивоата на веројатност на остварување на нултата-хипотеза, во согласност со меѓународната конвенција за био-медицински науки се 0.05 и 0.01. Статистичката анализа беше направена со персонален сметач со помош на статистичка програма од Институтот за социјална медицина, статистика и истражувања во здравството на Медицинскиот факултет во Белград.

Резултатите графички дадени, се направени со персонален сметач.

 

Кратенки

Во ознаките во обработката стојат кратенки со следните значења:

- (К) керијев јазол;

- (Х) Хартманов јазол;

- (С) Стојанов јазол;

- (С.т.) или (С.Р.) означува Стојанова точка од космички рој или космички Стојанов рој;

- (ГПЗ) Геопатогено зрачење.

 

Оттука може да се констатира дека позади Био-СПХ стојат огромни статистички резултати. Дел од нив можат да се видат во статистичките резултати од испитаници лица и животни (грла).