ГЕОБИОЛОГИЈА


Геобиологијата изучуваат геолошките влијанија врз целокупниот жив свет, како и методите за детекција и заштита од нив. Денес геобиологијата во чиј состав влегуваат Космопатологијата и Геопатологијата го доживуваат својот развој во поновата историја. Денес тие ги проучуваат влијанието на Земјата врз целокупниот жив свет, радиестезијата - како теорија и практика, екологијата и други научни области. Исто така, проучуваат и земјини минерали, карпести видови, топографија на земјината површина, океанска хемија, атмосферска композиција и др. Геобиологијата ги проучува и подземните извори на вода и врската помеѓу животот и физиката во околината. Исто така, ги изучува микробиологијата, микроекологијата, физиологијата на растенијата, молекуларната биологија, палеонтологијата, еколошките минерали од раната еволуција, геохемијата, океанографијата, старата кинеска наука фенг-шуи, астрологијата и други области поврзани со влијанието врз целокупниот жив свет.

Денес со оваа наука на Балканот и пошироко научно се занимава Институтот за Геобиоплогија ИГАПЕ-Скопје, на кој директор е д-р Стојан Велкоски - геопатолог, познат меѓународен експерт со бројни научни трудови и проекти по областа на гебиологијата.

ГЕОПАТОЛОГИЈА

Името на Геопатологијата е сочинето од двата збора итоа: Гео-Земја и патологија-болест или нешто абнормално за кое важи  дефиницијата на д-р Стојан Велкоски итоа:

"Секоја абнормална појава во една веќе воспоставена хармонија, како што е Земјината , која функционира беспрекорно, таа хармонија е во постојани дисхармонични активности од човечки и природeн фактор. Сите тие процеси кои ја нарушуваат хармонијата на Земјата, претставуваат абнормални или патогени. Науката која ги проучува таквите процеси кои се јавуваат од Земјата се нарекува ГЕОПАТОЛОГИЈА".

Геопатологијата според дефиницијата на д-р Велкоски ја сочинуваат: геолошки раседи, пукнатини, концентрации на руди и минерали, подземни протечни води и други појави и состојби.


Автореферат - Институт за космически изследвания - БАН ...

КОСМОПАТОЛОГИЈА

Според д-р Стојан Велкоски-геопатолог, космопатологија е сочинета од двата збора итоа: космо-универзум и патологија-болест или нешто абнормално за кое важи истата дефиниција како и за гпп итоа:

"Секоја абнормална појава во една веќе воспоставена хармонија, како што е Земјината, која функционира беспрекорно. Таа хармонија е во постојани дисхармонични активности од човечки и природен фактор. Сите тие процеси кои ја нарушуваат хармонијата на Земјата, претставуваат абнормални или патогени. Науката која ги проучува таквите процеси кои се јавуваат од космосот се нарекува КОСМОПАТОЛОГИЈА".

Космопатологијата според дефиницијата на д-р Велкоски ја сочинуваат: Сончевите бури, Сончевите  И.Ц, У.В. и други зрачења, космички мрежи, космички рој, космички појас и други.

 

РАДИЕСТЕЗИЈА

Името потекнува од два збора: латинскиот radiare-зрачење и грчкиот aisthanomai-чувствување. Од тука може да се заклучи дека радиестезијата претставува способност за чувствување на зрачењата. Тешко е да се одговори од кога е присутна радиестезијата. Првите пишани документи датираат од 2590 год. п.н.е. Келтите, Египјаните, Персијанците, Медејците, древните Македонци рашларството го користеле при избор на локациите за живеење, пронаоѓање на питка вода, руди и сл.
Во средниот век употребата на чапоршките завзема видно место особено во потрага на рудните богатства. Тогашните верувања според кои чапоршките се раководени од надворешни сили се отфрлени. Започнала новата ера на употребата на истите како помошни помагала при што главен фактор е човекот со својот природен сензибилитет.
Првите позначајни испитувања за редиестезиската способност се направени од страна на Јоханес Валтер, доктор на науки по геологија и палеонтологија (1860-1973). Тој своите истражувања ги спровел на 400 свои студенти. Ги прател нивните реакции додека тие со своите чапорошки поминувале преку зоните на зрачење. Резултатите покажале дека побурно реагираат студентите со нагласен сензибилитет. Реакциите се манифестирале како нервна раздразливост, покачен крвен притисок, забрзување на пулсот.
За време на првата светска војна во австроунгарската војска се наоѓале рутенгангери (трагачи по вода). Тие луѓе биле оспособени со помош на чапарошките да пронајдат питка вода за потребите на воените единици. Тоа било причина да се ископаат стотици бунари на ваков начин. Колевката на модерната радиестезија е Венеција, од каде во 19 век започнува да се шири ширум Европските земји, а и САД, каде и денес се посветува огромно внимание, како од научен така и од практичен аспект. Во втората половина од претходниот и овој век д-р Стојан Велкоски има изработено повеќе истражувачки проекти во полето на Радиестезијата. Добиени се низа резултати во однос на психо-физичката и здравствената состојба кај луѓето кои биле изложени на геопатогени или космички извори на зрачења.
Во многу светски институти кои се занимаваат со проучувањето на парапсихолошките феномени се истражува и полето на радиестезијата. Впрочем, не се одржал конгрес на парапсихологија на кој не се одбележани феномените од областа на радиестезијата. Денес во светот има голем број на професионални институции и институти, меѓу кои и “Сончев зрак”, кои професионално се занимаваат со радистезијата.
Радиестезијата се користи во секојдневието на човекот. Најактивно се применува во геобиологијата, хидрологијата, археологијата, овоштарството, земјоделството, традиционалната медицина, изборот на здрава храна и сл. Таа може да се подели на два дела, и тоа: физичка и ментална. Првата е ограничена со примена на помагала на лице место, за разлика од вториот вид, за кој не постои временска и просторна граница. Во радиестезијата најчесто се користат разни помагала, како што се нишала, механички сензори и други направи и инструменти, кои користејќи го човековото магнетно поле или аурата, реагираат на зрачењата. Сите овие помагала се користат од страна на професионално обучени лица со долгогодишно искуство.


ПОЛАРИТЕТ

Се што среќаваме во природата има свој поларитет.
Ако земеме еден лист хартија, листот хартија претставува една целина во однос на универзумот и има свој поларитет (+) или (-). Секоја страна од листот има засебен поларитет во однос на истиот, односно едната страна е (+), а другата (-). Горниот и долниот дел од листот исто така имаат свои поларитети во однос на истиот. Ако листот го исечеме на многу мали парчиња, повторно секое парче од истиот ќе има поларитет како и листот, сé додека постои нивната идентификација. Но, ако листот или парчињата од листот ги запалиме, во тој случај сме направиле деполаризација на материјата и веќе нема поларитет. Ова се однесува за секоја материја.
Човекот маж спрема природата има (+) поларитет, а жената (-) поларитет. Едната рака на човекот има (+) поларитет, а другата рака (-) поларитет. Прстите на раката се со свој поединечен поларитет и имаат (+) (-) (+) (-) почнувајќи од (+) со палецот завршувајќи со (+) на малото прсте.
Секое тело во природата според закон на универзумот се спојува (+) со (-). Така е и со брачните двојки и со сé друго.
Поларитетот најдобро се забележува кај магнетот. Ако едно парче (+) магнет сакаме да го споиме со друго парче магнет со (+) или (-) со (-), тие дури физички не ќе можеме да ги доближиме, додека (+) со (-) веднаш се привлекуваат.
И самите бранови, особено оние предизвикани од геопатогените извори, како што е случајот со подземните протечни води, имаат силен деполаризирачки ефект врз клетката. И брановите од електромагнетните полиња со послаб интензитет можат да бидат мошне сериозна закана за живиот свет од аспект на деполаризација. И воздухот го сочинуваат позитивни и негативни јони.
Универзумот со планетарниот систем функционира на принцип на поларитет.
Интересен е фактот добиен од истражувањата на терен. Ако еден бран од електромагнетно зрачење биде со поизразен (+) поларитет, во таа вертикала на зградата здравствени проблеми најчесто имаат припадничките на женскиот пол и обратно, ако бранот е со (-) поларитет сериозни заболувања се сретнуваат кај станарите од машкиот пол. Решението за овој проблем го дава Био-СПХ, кој има својство да влијае врз брановите - да го намалува нивниот интензитет и да ги деполаризира, со што се создава безбеден простор за живеење на луѓето.
Кај старата кинеска наука оваа енергија е позната како јинг и јанг.


БИО-АРХИТЕКТУРА

За улогата на формата на објектите за живеење, особено за формата на покривната конструкција знаеле и најстарите народи, кои воделе сметка каде и дали објектот е поставен правилно (според тогашните сознанија).
Практикувале формата на објектот во целина да не ја нарушува природната рамнотежа. На пример, во природата планините се со благо издигнување во висина. Така е и со растенијата. Во долниот дел се пошироки, а во висина се стеснуваат. Сите тие форми создаваат една енергетска хармонија во самата природа. Денес сé почесто сретнуваме објекти во спротивен однос од природните законитости: високи објекти со рамни покриви, пошироки и од самиот објект. Објектите повеќе прилегаат на силоси, а не на објекти за живеење. Исто така сé почести се објекти со поизразена ширина на горните катови, за разлика од долните катови - во форма на обратно свртена пирамида. Во овие објекти се создава мошне негативен енергетски интензитет, кај станарите се јавуваат нервоза, главоболки, клаустрофобија и др. Во таков случај се врши заштита со Био-СПХ, при што се отстранува штетното влијание предизвикано од формата. Во еден ваков објект живее и самиот автор на Био-СПХ. Ако Био-СПХ не е во просториите од неговиот стан, тој не може да престојува подолг временски период во нив. И другите станари во истиот објект без Био-СПХ чувствуваат немир, несоница, главоболки и други негативни симптоми. Но, со Био-СПХ исчезнуваат споменатите симптоми. Важна улога има поставеноста на објектот. Кинезите на пример, таа наука ја нарекувале фенг шуи. Во био-архитектурата е важна и поставеноста на гредите во просториите, како и многу други елементи што можат да влијаат врз нормалниот живот на луѓето.


СИМПТОМИ КАЈ ЛУЃЕТО КОИ ПРИ СПИЕЊЕ СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИ ЗРАЧЕЊА

Врз основа на статистичките испитувања спроведени во семејни простории, а со кои се опфатени повеќе од 10.000 луѓе од различен пол и возраст, добиени се следните резултати:
Повеќе од 75% од луѓето се чувствителни на присуството на електромагнетно зрачење во својот дом. Покрај етеричното тело, човековиот организам го сочинуваат и безброј суптилни честички од енергетско поле, кои го претставуваат живиот организам. На сликата е дадена снимка од таков вид на енергетско поле, во јавноста познато како аура, од која според боите и интензитетот точно може да се увиди, здравствената состојба на индивидуата, како и за природните предиспозиции на истата. Оваа е слика на авторот на програмата Био-СПХ направена во Женева 1995 година со помош на Ауровизион техника. Тоа ни покажува дека нашето нематеријално тело, познато како аура, во присуство на електромагнетното зрачење претрпува огромни оштетувања, кои потоа тоа се пренесуваат врз меѓуклеточната хармонија (опишано во влијанието на електромагнетното зрачење врз клеточната функција).
Луѓето што при спиењето се изложени на спомнатите зрачења имаат несоница или кошмари, тахикардии, се будат со хроничен замор, главоболки, поспаност, нервоза, вкочанетост и болки по телото, при спиење чувствуваат вибрации на телото со понатамошни последици и појава на разновидни болести. Децата кои при спиењето се изложени на спомнатите зрачења, обично немирно спијат, се превртуваат во сон, се потат, мократ, стануваат во плач, го губат имунитетот, се појавуваат разни болести со многу последици по нивното здравје и живот.
Нашата статистика потврдува дека повеќе од 95% од болните или починатите од канцер биле изложени на електромагнетно зрачење во нивните спални соби и работни простории (не сметајќи го техничкото зрачење од куќните апарати и работата со електрични машини). Просечната издржливост на изложените била околу 10 години на геопатогено и космичко зрачење. Запрепастувачки е податокот добиен од статистичката обработка дека и лицата со срцеви и со мозочни удари биле изложени на спомнатите зрачења, во просек околу 10 години. Откриено е и дека стерилитетот има тесна врска со присуството на електромагнетните зрачења. Покрај тоа, присутни се и ревмата, артритисот, алергиите, цистите и туморите, психодепресијата, дебелината, тромоста и др. Парализите кај децата, дијабетесот и ред други дијагнози, меѓу другото, се присутни и како резултат на зрачењата.
Видот на дијагнозата на болеста и времето кога ќе се појави болеста, меѓудругото зависат и од генетската предиспозиција, изложеното време на зрачење, видот на зрачење и видот на геолошката структура на која се живее и низ која пенетрираат зрачењата (шема со подземни зрачења со куќа).


СТРЕС

Стресот врз живиот организам има мошне штетно влијание. Интересен е фактот што електромагнетните природни полиња се со мошне слаб интензитет, но со мошне силна деполаризирачка моќ, која дејствува на клеточно ниво.

Долгогодишните истражувања што ги вршеше д-р Стојан Велкоски од “Сончев зрак” го потврдуваат штетното дејство на електромагнетното природно поле и зрачење врз живиот свет. Тоа претставува еден од најсериозните причинители на малигните болести. За повеќе информации видете на (www. Who electromagnetic fields and publichealth:extremely low frequency fields and cancer).

 

ВЛИЈАНИЕТО НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИТЕ ЗРАЧЕЊА ВРЗ ЖИВОТНИТЕ

Живиот свет има исклучително развиен сензибилитет со кој се приспособува за опстанок. Крупниот добиток не застанува и не спие таму каде што ќе почувствува дека има засилено електромагнетно зрачење. Кучето, коњот, говедата, особено дивите животни, кои можат да изберат место за престој, задолжително избираат безбедна локација. Нивната изразена чувствителност на електромагнетни зрачења не останала незабележана од постарите цивилизации, кои, меѓу другото, ги користеле животните за изнаоѓање безбедни локации за изградба на населби. Ако животните се принудени да бидат изложени на спомнатите зрачења како што се фармите, го губат природниот инстинкт и нивната иднина е неизвесна. Како кај луѓето, и кај животните овие зрачења играат огромна улога во појавата на болести, стерилитет, смртност.
Експертски тимови правеле испитувања на грлата добиток изложени на штетното дејство од зрачењето. Резултатите ги споредиле со оние што ги добиле од иследувањата извршени откако добитокот бил заштитен со Био-СПХ. Резултатите добиени од заштитата со Био-СПХ укажуваат на позитивни промени во сите сегменти. На пример, во заштитените фарми смртноста кај телињата е намалена за 73%, намалена е потрошувачката од медикаменти за 80% (како хормонски така и антибиотски), со што се заштедуваат пари и индиректно се добива здрава храна.
Овие студии (атести) го елиминираа плацебо-ефектот од Био-СПХ, што значи дека Био-СПХ не дејствува со психолошки лажен ефект, бидејќи таа компонента не постои во фармите кај животните.
За да ги видите студиите, притиснете тука.


Напомена:
Сите научни експерименти направени во фарми биле под стручна ветеринарна присмотра заради заштита на здравјето на животните. Секогаш сме следеле случајно поставени грла добиток и сме ги споредувале со други идентични грла на истата локација, само со заштита.


Проект со живина
Во н. Илинден, Скопско, во 1995 год. во два идентични кафеза за живина беа ставени по десет млади кокошки. Едниот кафез беше поставен на геопатогено зрачење и С-јазол, а 3 м подалеку од него, во истата просторија, беше поставен другиот кафез на безбедна зона. Живината беше хранета со иста храна, во исто време, а температурата во просторијата беше идентична. Проектот траеше четири месеци. Резултатите од проектот покажаа:
- Кај живината изложена на геопатогено зрачење и С-јазол се забележа опаѓање на имунитетот, опаѓање на пердувите, нарушување на нервниот систем и појава на канибализам.
- Кај живината поставена на безбедна зона не се забележаа никакви промени.


КАКО ЗРАЧЕЊАТА ВЛИЈААТ ВРЗ ЧЛЕНКОНОГИТЕ - ИНСЕКТИТЕ

За еден ваков експеримент се употребени 20 пчелни семејства, подготвени во ланстрот-сандаци со иста старосна матица, идентичен број пчели, легло и храна. На локацијата на која се сместени, со претходна детекција е утврдено постоење на ГПЗ и подземен бран со ширина од 2 м. Во есента 1992 година беа поставени:
а) 10 сандаци со пчели на геопатогено зрачење;
б) на 7-9 м од нив се поставени другите 10 сандаци како контролна група на безбедна зона.
Во зимскиот период, во текот на сончевите топли денови, пчелите од групата а) мошне мирно ја поминаа зимата, без многу излегувања заради празнење. Пчелите од групата б) мошне често летаа надвор заради празнење. Во пролетта, при првата контрола, пчелите а) беа многу посилни и помногубројни, со помалку потрошени резерви од храна и со подобро легло отколку пчелите б).
Истражувањата на поголеми гнезда на мравјалници исто така докажаа дека тие се наоѓаат на локации каде што има засилени електромагнетни полиња.
Овој експеримент, кој го спроведе “Сончев зрак”, под водство на д-р Стојан Велкоски, ни дава за право да констатираме дека електромагнетното природно зрачење влијае врз клеточниот систем кај луѓето, животните и кај растенијата, но не и кај членконогите - инсектите.


КАКО ЗРАЧЕЊЕТО ВЛИЈАЕ ВРЗ РАСТИТЕЛНИОТ СВЕТ

Интересен е фактот дека растителниот свет што се наоѓа во зона на зрачење скоро идентично се однесува како и другиот жив свет. Истражувани се повеќегодишни растенија од два различни типа, расади - расад со помека структура на стеблото, како на пример канадска топола, во паркот на ул. Иво Рибар Лола во Скопје, како и расад со пожилава структура на стеблото, како што е багремот, на ул. Илинденска во Скопје.
Земени се по две групи стебла од двата типа расад:
а) група изложена на зрачење од геопатогени извори;
б) група од ист расад со иста старост во непосредна близина на безбедна површина.
I. Канадска топола
Групата а) во раната пролет многу подоцна се буди со вегетацијата отколку групата б). Групата а) е мошне понеразвиена со гранки и со листови отколку групата б). При нагло зголемување на температурите групата а) нема време за постепена вегетација и многу садници се сушат. Дехидратацијата на садниците од група а) се забележува од страната на доаѓањето на бранот, односно во правецот на неговото движење, а не од северната страна, како што е вообичаено поради ниски температури и северен ветер.
II. Багреми
Стеблата од групата а) што беа во зона на зрачења, како од подземни така и од космички извори на зрачења, многу подоцна се будеа во раната пролет отколку стеблата од групата б), кои беа во непосредна близина на безбедна зона.
Стеблата од групата а) се послабо развиени и опфатени се со многу израстоци (тумори), како и кај луѓето што се во зона на зрачење.
Дрворед на ул: Илинденска, Скопје. Петте обележани стебла се наоѓаат во широк подземен бран. Видна е разликата на раната вегетација, споредбено со непосредно блиските други стебла кои се на безбедна зона.


ПРОЕКТИ


Проект со хортикултура
Во март, 1991 год., извршена е детекција на геопатогените зони во државната компанија за цвеќе – Комуналец од Скопје. Оваа компанија со години одгледува висококвалитетни цвеќиња. Испитувањата се извршени во леите што служат за одгледување мошне чувствителни семиња и расад. Откриени се пет паралелни геопатогени брана со ширина од 1 м. Брановите опфаќаа дел од леите и очигледна беше разликата помеѓу развојот на расадите со цвеќиња на леите опфатени од брановите и развојот на ист вид семенски расад во безбедната зона. Делот од леите под ГПЗ беа со послаб раст и густина, а деловите од истите леи на кои немаше електромагнетно зрачење беа помногубројни и поразвиени. Забележано е дека зрачењата нееднакво дејствуваат на секоја семенска култура. Некоја култура е посензибилна на геопатогени зрачења, а некоја е поотпорна. Ова истражување го потврди штетното дејство од електромагнетното зрачење врз растителниот свет.


Истражувачки проекти на стари урбани населби
Резултатите покажаа:
Старите урбани населби, кои сега не постојат (поради војни, земјотреси и сл.), како што се Стоби, Хераклеја, Скупи и многу други, се наоѓале на мошне безбедна локација во поглед на присуство на засилени електромагнетни полиња.
Познато е дека во Охрид имало 365 цркви и манастири. Истражувањата покажаа дека тие се наоѓале или се наоѓаат на мошне безбедни зони, со што уште еднаш се потврдува дека старите свештеници биле добри радиестезисти. Исто така, истражувањата покажаа дека стариот дел на Охрид, за разлика од новиот, е изграден на мошне безбедна локација, на која тешко може да се детектира присуство на природни електромагнетни зрачења. И овие истражувања ја потврдија тезата дека старите народи биле добро запознаени со присуството на штетните зрачења.


Научен проект за влијанието на геолошката структура врз изложените на зрачење
Испитувани се две урбани скопски населби. Двете населби се релативно нови. Првата населба се наоѓа на глиновита геолошка структура, а другата на песоклива геолошка структура. Истовремено се набљудуваа објектите што беа опфатени со геопатогено поле во двете населби.
Најчести последици кај станарите од првата населба (на глиновита подлога) беа: психодепресивни, кардиоваскуларни заболувања, намален имунитет, како и бенигни и малигни тумори. Тоа ни укажува дека кај жителите изложени на геопатогените зрачења што пенетрираат преку глиновита геолошка структура, покрај другите, најчесто преовладуваат органските заболувања.
Во населбата која се наоѓа на песоклива геолошка подлога, следени се објектите што беа под геопатогено зрачење. Најчести последици кај станарите од тие објекти беа: кардиоваскуларни проблеми, цисти, ревма, ишијас, алергии и др. Кардиоваскуларните болести кај нив беа почести отколку кај жителите од првата населба. Тоа ни укажува дека кај тие што се изложени на геопатогените зрачења што пенетрираат низ песоклива геолошка структура најчесто се јавуваат кардиоваскуларни заболувања, проследени со ревма, артритис, намален имунитет, цисти и др.
Можеме да заклучиме дека и геолошката структура, низ која пенетрираат геопатогените зрачења, може да го диктира типот на заболувањето .
Овој проект го водеше д-р Стојан Велкоски.


ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТ ВО с. БЕЛИЦА, МАКЕДОНСКИ БРОД
Во 1990 година, по барање на жители од селото Белица, Македонски Брод, извршени се увид и мерење на присуството на геопатогените полиња во селото.
Под самото село имаше неколку извори на вода, кои, заедно со главното врело, ја формираат Беличка Река. Водата од некои извори протекуваше под неколку куќи од селото. Очигледно беше дека токму во тие куќи не живеат луѓе. Луѓето од тоа село кажаа дека постарите жители ги нарекле “проклети куќи”, бидејќи откако биле изградени во нив царувале само болести, проследени со смрт. Според изјавите на соселаните, најчесто во тие куќи имало малигни болести, срцеви и мозочни изливи, душевни и други болести, проследени со смрт. Непосредно до тие објекти постоеја други, во кои животот си течеше нормално без значајни промени. Мерењата покажаа дека тие се на неутрална, односно на безбедна локација. Овие резултати од истражувањата ја потврдуваат опасноста од присуството на геопатогените засилени полиња.
Проектот беше предводен од д-р Стојан Велкоски од “Сончев зрак” - Скопје.


ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТ ВО с. НОВА МААЛО – ДЕЛЧЕВО
Причината за истражувањата на ова, сега непостоечко село беа информациите добиени од жител на Делчево. Во 1997 година екипа од “Сончев зрак”, предводена од д-р Стојан Велкоски, изврши увид и мерење на поширок простор во таа област. Се забележуваа остатоци од срушени, некогаш семејни, но несреќни куќи. На просторот каде што постоело селото постоеше засилено геопатогено поле. Една постара и последна жителка од тоа село, ни го кажа следното: “Откако се доселивме и го изградивме ова село, набргу почнаа да се случуваат разни трагични настани. Освен што умираа возрасните, почнаа да ни умираат и децата. Не можевме да сфатиме што ни се случува. Некои почнаа да се иселуваат поради семејните трагедии што им се случиле, но повеќето жители останаа и понатаму во селото. Годините минуваа, а во селото скоро сите изумреа. Мојот сосед, кој беше последен жител во селото, изврши самоубиство, откако пред тоа му починаа и неговите деца”.
Вакви и слични трагични настани има во повеќе населени места, а со испитувањата се докажало присуство на засилено геопатогено поле на тие места.


ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТ ВО КОЧАНИ
Во 2003 година, по една документарна емисија на ТВ на која гостуваше г-динот Стојан Велкоски, се јавија и од градот Кочани и побараа да се спроведе истражувачки проект во семејни живеалишта. Во новата елитна населба, позната како “Недопирливи” сé почесто се јавувале малигни заболувања, кои резултирале со смрт. Во едно семејство починале четворица од различна возраст и пол. Сите спиеле во иста спална соба во различен временски период. Последен од семејството што спиел на тоа место бил 23-годишен студент, внук и син на починатите. По две години откако младиот човек се преселил да спие во таа соба почнал да чувствува тегоби за кои побарал и лекарска помош. Истите тегоби ги чувствувале и другите членови на семејството што починале. Резултатите од истражувањата беа следните: поголемиот дел од објектот беше на геопатогено засилено поле. Во спалната соба покрај спомнатите зрачења, имаше еден Кериев (к) и еден С јазол (ново откриен од авторот на Био-СПХ). Тоа била причината за трагедијата на ова семејство. Резултатите од овој проект покажаа дека и сите други починати од малигни болести во овој град биле изложени на спомнатите зрачења.
Овој проект е работен во 2003-2004 год., предводен од д-р Стојан Велкоски од Скопје.


ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТ ВО ГРАДОТ ВЕЛЕС
Во централното подрачје во градот во една повеќекатница зачестиле смртните случаи, особено од малигни и од кардиоваскуларни болести. Станарите мислеле дека тоа било виша сила и дека така требало да биде, сé додека еден ден од иста зграда не тргнале погребни поворки истовремено за двајца млади - девојка од 18 год. и момче од 23 год. Двајцата починале од малигни болести. Веднаш побарале помош од Министерството за заштита на животната средина, а оттаму ги упатиле во “Сончев зрак”. Екипа од “Сончев зрак”, изврши мерење на електромагнетното зрачење во објектот. Резултатите добиени од мерењата го покажаа следното: сите починати од објектот, вклучувајќи ги и двајцата млади, биле изложени на геопатогени и космички извори на зрачења. Во овој објект се регистрирани корисници на Био-СПХ. Кај нив не беа присутни негативни симптоми, ниту, пак, имало смртни слиучи. Ова ни укажува колку е важна заштитата од електромагнетното зрачење.


ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТ ВО с.ИЖИШТЕ М.БРОД
Ова село е познато по тоа што просекот на живеење на населението изнесува околу 40 години, што претставува сериозен научноистражувачки поттик за секој научник. Оттука д-р Велкоски пролетта 2012 го посети ова, скоро напуштено, село и изврши извесни геобиолошки мерења. Првичните резултати укажуваат на присуство на ГПЗ која се протега преку целата селска населба. Заклучокот беше јасен, геопатологијата е прва на списокот која е возможна за причината за оваа трагедија.

Напомена

Слични студии изработени од наша страна ги има многу, кои за жал, скоро сите идентично не упатуваат кон причината на проблемот. Наше е да го анализираме и спознаеме изворот на проблемот, а потоа да пристапиме кон правилен избор на решението.