НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ СО ЧЛЕНКОНОГИ

 

Во овие истражувања опфатени се неколку заедници на членконогите и тоа пчели, оси и мравки. Резултатите од истражувањата покажуваат дека помеѓу заедниците има голема сличност, но и разлика. Така на пример, направената студија од 98 мравјалници 90 од нив биле изградени на С-точки, а останатите на други космички јазли. Статистички анализирано тоа претставува голем процент. Според тоа може да се заклучи дека мравјалниците своите гнезда ги градат најчесто на С-точки или на С-космички јазли од мрежата (сл. 1).

Слика 1. Мравјалник изграден на С-точка

Пчелите кои се на ГПЗ или на некој од космичките К-јазли или Х-јазли многу добро се развиваат, но тие што се поставени на С-јазлите најчесто се поагресивни. По извршената студија од 500 пчелни друштва во различни пчеларници поставени во сандаци, во 32 сандаци имаше појава на Colony collaps disorder (C.C.D) односно појава позната кај народот како бегство на пчелите со дезориентираност. Во 30 сандаци кои беа веќе празни имаше активни космички точки од Стојановиот космички рој (С-рој прикажан на сл. 2).

Слика 2. Изглед на пчеларник со повеќе пчелни друштва


Оваа појава укажува дека пчелите не се во можност да ги поднесат фреквенциите од С-точките споредбено со мравките. Тие се принудени да го напуштат пчелното легло (сандак).

Направената статистичката анализа од страна на д-р Стојан Велкоски и добиените резултати укажуваат на причините за појавата на Colony collaps disorder кај пчелите.

Според резултатите од истражувањата, најчесто осите и мравките своите гнезда ги градат на С-точки, додека пак пчелите, иако се членконоги тие ги избегнуваат тие точки.

 

ЗАКЛУЧОК

Од горе направените истражувања може да се заклучи дека иако е познато дека на членконогите природните извори на зрачења позитивно се одразуваат, сепак не сите членконоги подеднакво можат да опстанат на зрачењата. Таков е случајот со пчелите кои иако им одговараат гпз и некои од космичките зрачења,  космичките С-точки не можат да ги поднесат и го напуштаат своето гнездо оставајќи ја и храната во него.