СТУДИИ СО ЛУЃЕ

Живиот свет, вклучувајќи го и човекот, има т.н. природен сензибилитет (чуствителност). Кај поедини групи од живиот свет тој е поизразен, а кај други помалку изразен, но во секој случај присутен. Човечкиот сензибилитет кај поедини личности е поекстремно изразен, а кај други помалку. Разликата помеѓу нив е следна:

- Почуствителните лица ја имаат таа предност, добиена  од природата, за лична заштита од разни, пред се природни агресии врз нивниот опстанок, како што се и електромагнетните зрачење, благовремено да ги почуствуваат. Некои од тие лица тој сенс - чуствителност го игнорираат и потискаат во себе. Таквите лица поради пречуствителноста се поизложени на опасностите, од причина што нивниот организам побурно реагира на некоја појава. Организмот е и понатаму изложен на извесното влијание, иако е поранлив од другите. Во овој случај тие лица се препуштени на сериозна закана по нивното здравје и живот. Тие кои благовремено ќе ја осознаат својата пречуствителност и го почитуваат тој благодет, тие се во предност за зачувување на своето здравје и живот. Во тој случај на природниот сензибилитет и инстикт треба да му се оддава соодветно внимание и да се практикува во секојдневниот живот.

- Лицата кај кои сензибилитетот е помалку изразен, тие се втурнати во непознатото, без благовремено да го почуствуваат тоа. Тие подолго пред да настане сериозно заболување можат да опстојат во такви услови, но сепак претрпуваат огромни последици. Кај нив најчесто заболувањето настанува уште пред да добијат симптоми.

Според д-р Велкоски, сензибилитетот и симптомите кај индивидуите претставува еден вид природен аларм, мошне идентично како и алармите од пожар. Доколку во една повеќекатница се појави пожар на некој кат, се вклучува алармот, тоа е споредбено и со лицата со поголема чуствителност. Но, тие лица кои го игнорираат својот аларм, на пример се будат со болки, тахикардии и слично, и земаат медикаменти за да го изгубат тоа чуство. Тоа паралелно може да се спореди со тоа дека, ако има пожар во една повеќекатница и се вклучи алармот, а тој аларм ни пречи, ние го исклучуваме алармот, наместо да го изгаснеме пожарот.

Овие сознанија се темелат врз база на истражувањата направени со и без примена на заштита со Био-СПХ.

 

СИМПТОМИ КАЈ ЛУЃЕТО КОИ ПРИ СПИЕЊЕ СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИ ЗРАЧЕЊА

 

Врз основа на статистичките испитувања спроведени во семејни простории, а со кои се опфатени повеќе од 15.000 луѓе од различен пол и возраст, добиени се следните резултати:

Повеќе од 75% од луѓето се чувствителни на присуството на електромагнетно зрачење во својот дом или на работното место. Покрај етеричното тело, човековиот организам го сочинуваат и безброј суптилни честички од енергетско поле, кои го претставуваат живиот организам. На сликата е дадена снимка од таков вид на енергетско поле познато во јавноста како аура, од која според боите и интензитетот точно може да се осознае, здравствената состојба на индивидуата како и природните предиспозиции на истата. Оваа е слика со човечка аура направена во Женева 1995 година со помош на Ауровизион техника (сл.1)

Слика бр. 1. Човечка аура

 

Влијание на зрачењата врз аурата на изложените

Доколку една индивидуа се наоѓа на ГПЗ, космички или технички извори на зрачења, во тој случај неговата аура би била во вид на некое платно завеано од ветер, а со тек на време таа аура претрпува промени во однос на боја или интензитет. Тој процес допринесува да се попречува хармонијата на меѓуклеточната функција, а со тоа и развојот на целокупното тело изложено на зрачење. Тоа ни покажува дека нашето нематеријално тело, познато како аура, во присуство на електромагнетното зрачење претрпува огромни оштетувања, кои потоа се пренесуваат врз меѓуклеточната хармонија, што е опишано во влијанието на електромагнетното зрачење врз клеточната функција.

Луѓето кои со спиењето се изложени на спомнатите зрачења имаат несоница или ноќни немири, тахикардии, се будат со хроничен замор, главоболки, поспаност, со нервоза, вкочанетост и болки по телото, при спиење чувствуваат вибрации на телото со понатамошни последици и појава на разновидни болести. Децата кои при спиењето се изложени на спомнатите зрачења, обично немирно спијат, се превртуваат во сон, се потат, мократ, стануваат во плач, го губат имунитетот, се појавуваат разни болести со многу последици по нивното здравје и живот.

Нашата статистика потврдува дека повеќе од 95% од болните или починатите од канцер биле изложени на електромагнетно зрачење во нивните спални соби и работни простории (не сметајќи го техничкото зрачење од куќните апарати и работа со електрични машини).  Запрепастувачки е податокот добиен од статистичката обработка дека и лицата со срцеви и со мозочни изливи, во просек околу 10 години биле изложени на спомнатите зрачења. Откриено е и дека стерилитетот има тесна врска со присуството на електромагнетните зрачења. Покрај тоа присутни се и ревмата, артритисот, алергиите, цистите и туморите, психодепресијата, дебелината, тромоста, детски парализи, дијабетесот и ред други дијагнози, меѓу другото предизвикани од  еден од најсериозните причинители - зрачењата.

Видот на дијагнозата на болеста и времето кога ќе се појави болеста зависат меѓу другото и од генетската предиспозиција, изложеното време на зрачење, видот на зрачење и видот на геолошката структура на која се живее и низ која пенетрираат геопатогените зрачењата. Геопатогените зрачења со своето пенетрирање низ геолошката структура, со себе понесуваат извесни елементи од структурата и според тоа може да има извесно различно влијание врз видот на дијагнозата на изложените.

Притисни (шема со подземни зрачења со куќа слика 4 )

 

ИСПИТУВАЊЕ НА БИО-СПХ НА НИВО НА КЛЕТКА

Атестирањето на неутрализаторот-трансформер Био-СПХ врз влијанието на лица кои се изложени на зрачења опфаќаше повеќе научни проекти, помеѓу кои: анализи на половата различност, возраст, вид на изложеност, симптоми на изложените, вид на последици,  влијание на електромагнетното поле на ниво на клетка, резултати по заштитата со Био-СПХ и др.

Човековото природно поле кое настанува од процесот на меѓуклеточната функција, под дејство на природните и антропогени зрачења претрпува оптеретувања, од кои може да резултираат сериозни оштетувања на здравјето. Оптеретувањето (напрегнатоста) на електрчното човеково поле и  неговата промена меѓу другото може да се мери и со Skin talk технологија со која прецизно се отчитува вредноста на оптеретувањето на полето во организмот.

 

I. ВЛИЈАНИЕ НА ЗРАЧЕЊАТА ВРЗ ОТПОРОТ НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИТЕ БИО ПОЛИЊА КАЈ ЛУЃЕТО СО И БЕЗ БИО-СПХ, ИЗРАЗЕНО ВО

Познат е фактот дека во клеточната мембрана се одвива процесот на претварање од хемиска во електрична компонента, со вредност од 100 mV до +135 mV (Бошковиќ, 1989). Тоа ни укажува дека секое надворешно влијание од друга електрична компонента може да има влијание врз клеточната функција. Досегашните сознанија кои се базираат врз резултатите од бројните студии, укажуваат дека изложеноста на електромагнетни полиња особено до 300 MHz, за извесен временски период предизвикуваат посериозни здравствени последици. При овој процес очекувано е да се појави и зголеменост на отпорот на електричната компонента во организмот, а со тоа и на кожата од телото. Во тој случај организмот претрпува оптеретување изразено во , кое е достапно на прецизната мерна перцепција и кое е предмет на оваа студија, а е прикажано на сликите 2 и 3.

Човечкиот организам претставува комбинација од честички на материја и нематерија без кои индивидуата не е во можност да постои. Секој нивен дизбаланс, може да предизвика низа сериозни заболувања. Поаѓајќи од тој аспект мошне важен елемент е состојбата и функцијата на електричниот отпор кој се создава од клеточната функција, кој е предмет во овие истражувања. Резултатите од студијата за промените на човековиот електричен отпор кај лица кои се изложени на зрачења и заштитени со Био-СПХ се прикажани на графиконите 1 и 2.

 

 

Слика 2. Мерење на отпорот на електричното поле на кожата со Skin talk технологија

во присуство на два активни мобилни телефони и С. јазол, без заштита

 

Графикон 1. Резултати од мерењата со Skin технологија без заштита

 

Од графикон 1 може да се забележи дека лицето е изложено на С. јазол и во близина на два активни мобилни телефони, отпорот на кожата во просек изнесува околу 400 кΩ.

 



Слика 3. Контролно мерење на напрегнатоста на човековото поле преку кожата, по 15 min. од првото мерење изразено во kΩ, под исти услови, но со примена на Био-СПХ

 

График бр. 2. Резултати со заштита со Био-СПХ

На графикон 2 се дадени резултати од контролното мерење на напрегнатоста на човековото поле преку кожата, изразено во kΩ, под изложеност на С. јазол и два активни мобилни телефони, но со примена на Био-СПХ, по 15 минути од првото мерење, вредноста на напрегнатоста е намалена и изнесува околу 230 kΩ.

Публикација - 317 influence of the radiations on the increase - Институт за ...


Заклучок:

Од оваа направена студија може да се заклучи дека доколку се анализираат вредностите на висината на отпорот изразен во , како резултат на изложеност на зрачења со и без заштита, почетна и крајна вредност, веднаш се забележува улогата и неопходноста на Био-СПХ. Оттука може да се забележи дека при изложеност под дејство на зрачења човековото поле претрпува изразено оптоварување кое се изразува преку напрегнатост. Како факт за тоа е разликата од контролното мерење под исти услови само со заштита.

Познато е дека секое преоптоварување од било каков облик, создава прерано стареење (амортизација). Врз основа на тоа и оптоварувањето на ниво клетка, искажано преку , кај изложените на зрачења може да биде основа за појава на негативни симптоми и дијагнози.

Заштитата со Био-СПХ придонесува до значително ослободување на електричната напрегнатост, а со тоа и непречена функција на клеточно ниво.

 

 

II. ВЛИЈАНИЕ НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИТЕ ЗРАЧЕЊА ВРЗ КРВТА КАЈ ЛУЃЕТО И ЗАШТИТА СО БИО-СПХ

Реализирана во просториите на ординацијата “Парацелзус” – Скопје.

 

Метода:

За правилна изработка на оваа студија избрана е соодветна ординација која поседува и употребува темен микроскоп. Со овој микроскоп може успешно да се следат еритроцитите и тромбоцитите (симбионтите), нивната морфологија и подвижност.

Изопатија

Најситните живи организми кои живеат во внатрешноста на човековите клетки се наоѓаат во симбиоза со своето опкружување. Но, ако оваа динамичка рамнотежа или саморегулација на организмот се наруши, тогаш тие живи организми стануваат паразити преку чија размена на материи се труе организмот-домаќин во кого живеат, што пак предизвикува различни симптоми на болест. Значи, микроорганизмите како што се бактериите, вирусите и габите можат да имаат најразлични облици на манифестација и се сведуваат на интрацелуларните симбионти (кои Ендерлајн ги нарекува „ендобионти”).

Различните развојни степени можат да се видат во крвта со помош на темниот микроскоп.

Влијанието на зрачењето врз опстанокот на еритроцитите и симбионите е мошне значително. Направени се експерименти во кои е третирана крв изложена на зрачење од два активни мобилни телефони, со и без заштита на Био-СПХ, при што се добиени големи резултати со примената на Био-СПХ. Анализите се правени во два наврати,  и тоа:

Пример 1: Анализирана крв, изложена на  зрачење од два мобилни телефони. Во анализата опфатени се симбионите и еритроцитите, третирани во времетраење од 10 минути. Мобилните телефони се поставени на оддалеченост од 30 cm. и 100 cm. од примерокот за анализа (сл. 4). Двата телефони се поставени во активна меѓусебна врска. На два наврати на микроскоп е поставена по една капка штотуку извадена крв, која е анализирана со и без заштита (сл. 5 и 6).

По 10 минути изложеност на крвта, вршени се анализи на морфологијата од еритроцитите, поларитетот, нивната подвижност и подвижноста на симбионтите (сл. 7 и 8).


 

Слика 4. Мерење на растојанието на двата активни мобилни телефони до темнополевиот микроскоп

 

 

Слика 5. Темен микроскоп до кој има два активни мобилни телефони поставени на 600 и 1000 mm до мерната точка



Слика 6. Вадење на капка свежа крв и поставување на микроскопска анализа

 

Слика7.Состојба на крвните еритроцити и симбиоти веднаш по вадењето на крвта

 

Слика 8. Резултати добиени по десет минутна изложеност на капка крв до два активни мобилни апарати без заштита

 

 

ПО 15 min. ПОВТОРЕН ИСТРАЖЕН ПРОЕКТ

Повторната анализа е извршена веднаш по 15 min. од првата, со повторно извадена свежа капка крв од ист дарител, поставена во присуство на истите активни два мобилни телефони на исто растојание како и претходно, но овојпат со присуство на Био-СПХ, како што е прикажано на сликаите (9 и 10).


 

Слика 9. Состојба на еритроцитите и симбиотите веднаш по вадењето на крв


Слика 10. Резултати добиени од анализа на повторно извадена крв, во присуство на два активни мобилни телефони по 10 min. со заштита со БИО-СПХ

 

Резултати:

Од прикажаните споредбени анализи врз човековата крв, може да се забележи дека:

 

- На сл. 7 прикажани се еритроцити и симбионти од штотуку извадена крв од дарител пред тестирање. Ставени во електромагнетно поле предизвикано од два мобилни телефони, еритроцитите, поточно нивната мембрана, како и протеините од крвната плазма под дејство на електромагнетните зрачења го менуваат својот поларитет. На овој начин одделни мембрани се деполаризираат, што значи надворешните страни од мембраната стануваат од позитивни во негативни и се прилепуваат на соседните еритроцити кои не се деполаризирани. По 10 минути за околу 80% еритроцитите се споени и троми, пpикажано на (слика 8).

- На слика 9 имаме повторно извадена крв од ист дарител и морфолошката состојба, како и подвижноста на еритроцитите која е во нормална состојба.

- На слика 10 прикажана е истата крв по 10 min во присуство на зрачење од двата активни мобилни телефони, но со заштита со Био-СПХ. Споредбено со претходната анализа, подвижноста на симбионтите е само за околу 10% припоени и забавени. Забележително е дека нивната морфологија е поправилна, не се прилепуваат и преливаат едни во други и подвижноста е подобра, споредбено со првиот обид без заштита.

Публикација - (medicinska revija medical review - MD Medicaldata)

Заклучок:

Овие резултати ни даваат за право да констатираме дека зрачењата дејствуваат деполаризирачки на ниво на клетка.

Оваа појава предизвикува нивна агрегација (натрупување), што сликовито може да се каже како метални пари наредени една врз друга. Вака агрегирани еритроцитите ја отежнуваат циркулацијата на крвта, поточно ја успоруваат, дури можат и да ја зачепат циркулацијата и да предизвикаат посериозни последици.

Резултатите од оваа студија ја потврдија тезата дека електромагнетните зрачења влијаат деполаризирачки на клеточно ниво и ја надополнуваат претходната студија со електричниот отпор, кој се јавува на кожата на изложените на зрачења.

Заштитата и со оваа студија даде забележителни резултати кои уште еднаш ја потврдија потребата од нејзина примена кај живиот свет особено кај луѓето.

 

СТРЕС

Стресот врз живиот организам има мошне штетно влијание. Интересен е фактот што електромагнетните природни полиња се со мошне слаб интензитет, но со мошне силна деполаризирачка моќ, која дејствува на клеточно ниво.

Долгогодишните истражувања што ги вршеше Стојан Велкоски д-р по геопатологија и д-р по заштита на животната средина од “Сончев зрак и Институтот ГАПЕ” го потврдуваат штетното дејство на електромагнетното природно поле и зрачење врз живиот свет. Тоа претставува еден од најсериозните причинители на малигните болести. Меѓународните институции водат сметка за заштита на граѓаните од зрачење, но под влијание на големите профитабилни индустрии кои се занимаваат со електромагнетни зрачења и секојдневната потреба од нив, тие изнаоѓаат начин како да ја намалат психолошката тензија кај корисниците на електромагнетни зрачења низ разни форми. За дел од препораките за прописи и заштита од електромагнетни зрачење може да се види и од www.who.int (electromagnetic fields and public health:extremely low frequencu fields and cancer)

Не треба да заборавиме дека не секоја индивидуа е подеднакво чуствителна на зрачење и дека овој тип на агресор (технички извор на зрачење) на животната средина е релативно нов и за последиците се уште не сме во можност целосно да ги оцениме.

ЗАКЛУЧОК

Од горе наведеното може да се заклучи дека зрачењето претставува сериозен стрес на ниво на клетка и може да биде сериозна закана по здравјето и животите на изложените. Според тоа неопходен е превентивен научнотехнички пристап за детекција на зрачењата и во зависност од состојбата да се применат соодветни заштити.

Од сето ова може да се извлече и следново:

1. Штетноста од зрачењата е сериозна закана за здравјето на луѓето;

2. Заштитата со неутрализаторите трансформери Био-СПХ е реална на ниво на клеточна функција;

3. Од електромагнетните зрачења, магнетната компонента од пониските фреквенции наспроти електричната, претставува еден вид стимул на клеточно ниво;

4. Потребата од имплементација на геобиологијата во поголем број на допирни научни области и нејзино факултативно изучување е се пореална.

5. Потребата од имплементација на предложената алинеја во една точка од законот за градење претставува сериозен чекор кон зачувување и подобрување на здравствената состојба на сегашните и идни генерации.

 

Совет

Граѓаните треба да внимаваат од кого примаат совети за штетноста и заштитата од електромагнетни зрачења. Како во секоја област, така и во геопатологијата, за жал, отсекогаш и се уште постојат самонаречени експерти, кои во интерес на само својот личен профит често ги мамат граѓаните.