ВЛИЈАНИЕТО НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИТЕ ЗРАЧЕЊА ВРЗ ЖИВОТНИТЕ


Живиот свет има исклучително развиен сензибилитет со кој се приспособува за опстанок. Познато е дека крупниот добиток не престојува и не спие таму каде што ќе почувствува дека има засилено електромагнетно зрачење. Кучето, коњот, говедата, особено дивите животни, кои можат да изберат место за престој, задолжително избираат безбедна локација. Нивната изразена чувствителност на електромагнетни зрачења не останала незабележана од постарите цивилизации, кои, меѓу другото, ги користеле животните за изнаоѓање безбедни локации за изградба на населби. Ако животните се принудени да бидат изложени на спомнатите зрачења како што се фармите, го губат природниот инстинкт и нивната иднина е неизвесна. Идентично како кај луѓето, и кај животните овие зрачења играат огромна улога во појавата на болести, стерилитет, смртност и др.

Експертски тимови беа ангажирани во истражувањата со грлата добиток, паралелно изложени на штетното дејство од зрачењето (сл. 1).

Слика 1. Краварска фарма заштитена со неутрализатор-трансформер Био-СПХ

Споредбените резултати со Био-СПХ и без Био-СПХ, укажуваат за позитивниот ефект од заштитата во повеќе сегменти, и тоа: смртноста кај телињата е намалена за 73%,  за 80% намален е дикубитусот кај кравите, исто така за околу 80% намалена е појавата од стерилитет кај родилките по основ на заостанување на кошулицата, намалена е потрошувачката од медикаменти за 75- 80% (како хормонски така и антибиотски), со што се заштедуваат пари и се добива индиректно здрава храна.

Овие студии (атести) го елиминираа плацебо-ефектот од Био-СПХ, што значи дека Био-СПХ не дејствува со психолошки лажен ефект, бидејќи таа компонента не постои во фармите кај животните.

Проект со живина

Во н. Илинден, Скопско, во 1995 година во два идентични кафеза за живина беа ставени по десет млади кокошки. Едниот кафез беше поставен на геопатогено зрачење и С-јазол, а 3 м подалеку од него, во истата просторија, беше поставен другиот кафез на безбедна зона. Живината беше хранета со иста храна, во исто време, а температурата во просторијата беше идентична. Проектот траеше четири месеци. Резултатите од проектот покажаа:

- Кај живината изложена на геопатогено зрачење и С-јазол се забележа опаѓање на имунитетот, опаѓање на пердувите, нарушување на нервниот систем и појава на канибализам.

- Кај живината поставена на безбедна зона не се забележаа никакви промени.

 

За увид на резултатите :

- статистички податоци со животни

-референци/сертификати


Напомена:

Сите научни експерименти направени во фарми беа под стручен ветеринарен мониторинг, заради заштита на здравјето на животните. Секогаш сме следеле случајно поставени грла добиток, споредбено со други идентични грла на истата локација, под исти услови, само со применета заштита со Био-СПХ.

 

Заклучок

Од горе изложеното може да се заклучи дека геопатпгените зрачења (ГПЗ) и космичките извори на зрачење негативно влијаат врз целокупниот жив свет, вклучувајќи го и крупниот добиток и птиците. Според тоа и за нив важи потребата од превентивна соодветна заштита.