КАКО ЗРАЧЕЊЕТО ВЛИЈАЕ ВРЗ РАСТИТЕЛНИОТ СВЕТ


Интересен е фактот дека растителниот свет што се наоѓа во зона на зрачење скоро идентично се однесува како и другиот жив свет. Истражувани се повеќегодишни растенија од два различни типа, расади - расад со помека структура на стеблото, како на пример канадска топола, во паркот на ул. Иво Рибар Лола во Скопје, и расад со пожилава структура на стеблото, како на пример багремот, на ул. Илинденска во Скопје.

Во анализите земени се по две групи стебла од двата типа расад:

а) група изложена на зрачење од геопатогени извори;

б) група од ист расад со иста старост во непосредна близина на безбедна површина.

I. Канадска топола

Групата а) во раната пролет многу подоцна се буди со вегетацијата отколку групата б). Групата а) забележително е понеразвиена со гранки и со листови отколку групата б). При нагло зголемување на температурите групата а) нема време за постепена вегетација и многу садници се сушат. Дехидратацијата на садниците од група а) се забележува од страната на доаѓањето на бранот, односно во правецот на неговото движење, а не од северната страна, како што е вообичаено поради ниски температури и северен ветер (сл. 1).


Слика 1. Дехидрирана садница од
канадска топола која е на ГПЗ

II. Багреми

Стеблата од групата а) што беа во зона на зрачења, како од подземни така и од космички извори на зрачења, многу подоцна се будеа во раната пролет отколку стеблата од групата б), кои беа во непосредна близина на безбедна зона.

Стеблата од групата а) се послабо развиени и опфатени се со забележителни израстоци (тумори), со дополнителни изливи од смола  (сл. 2).

 

Слика 2. Багреми од ист расад,
еден на безбедно, а друг на К-јазол

Дрворед на ул: Илинденска, Скопје.

Петте обележани стебла се наоѓаат во широк подземен бран. Видна е разликата на раната вегетација, споредбено со непосредно блиските други стебла, кои се на безбедна зона.

Слика 3. Садници на ул. Илинденска, од кои еден дел се опфатени на ГПЗ,
имаат задоцнување во вегетацијата

 

Липи во н. Карпош 4 Скопје

Двете садници се истовремено посадени од ист расад, едната е на безбедна зона, а другата на ГПЗ и К-јазол. Првата има нормален раст и вегетација во раната пролет, а другата видно стагнира (сл. 4).

Слика 4. Две садници на липа, едната на безбедна локација,

а другата на ГПЗ и К-јазол

 

Зимзелени садници изложени на космички С-точки

Резултатите од истражувањата со космичките С-точки го покажуваат следново:

Садница бр. 3 беше идентична со садниците 1 и 4, но по извесен период на садница бр. 3 се појави космичка С-точка. По една година садницата бр. 3 скоро се дехидрира само една мала гранка остана сирова. По 3 години точката се помести кон садница 2, а од единственото мало гранче отпочна да се развива повторно садницата 3 како што е прикажано на сл. 5.  По една година садницата бр. 2 сега е дехидрирана и веќе не постои.

 

Слика бр. 5. Зимзелени растенија во кругот на ИГАПЕ и Сончев зрак во Скопје

 

 

Дехидрација на брези кои се на С-точки

Неслучајно брезите дехидрираат. Ова е заклучок од д-р Стојан Велкоски-геопатолог. Според истражувањата направени на 87 испитани дехидрирани садници на брези, во различни локации и со различна старост, 80 од нив биле на космички С-точки. Некои точки од С-ројот дополнително се појавуваат како резултат на оштетување на озонската обвивка, а кај други има случаи кои постепено ротираат во самиот рој и по извесен период може да се најде некоја С-точка на садница. Потоа се запрашуваме зошто оваа садница се дехидрира, иако беше во најидеален раст (сл. 6).

Слика 6. Дехидрирани садници од брези кои се нашле на С-точки

 

Причина за појава на паразитот на садниците познат како Имела

Најновите истражувања дадоа уште една новина, а тоа е појавата на паразит на растение познато како имела.

Истражени се 87 садници со имела, кај 85 од нив откриено е дека на местото на самата гранка од садницата постои точка од Стојановиот космички рој.  Тоа ни укажува дека космичките точки од Стојановиот космички рој на местото на појава на имелата извршиле намалување на одбрамбениот систем или имунитетот, па затоа се појавил и самиот паразит, на кој пак позитивно му се одразува зрачењето. Ова ново откритие може да се сфати и како појавата на малигните клетки кај животинскиот свет.

Слика 7. Имела на садница од костен (Марков манастир Скопско 2013) 

Заклучок:

Истражувањата покажаа дека растителниот свет претрпува скоро идентични последици како и животинскиот свет, како на пр: намален имунитет, стагнирање во развојот, задоцнето будење-рана вегетација, тумори и сл. За негова заштита може да се превземат заштитни мерки, а тоа е избор на микро локација каде ќе ја засадиме садницата. Досега Био-СПХ не е употребен за заштита на садниците, па според тоа се уште не може да се препорачува за заштита на садници, се додека не се изработи соодветен научноистражувачки проект во кој ќе влезат и други научни параметри. Откритието за појавата на паразутот Имела претставува ново дополнително научно поле за истражувања кое ќе следуваат понатаму.