заштита со мрежи и спирали

Е-пошта Печати PDF

 

 

ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРОМАГНЕТНО ЗРАЧЕЊЕ СО ПОМОШ НА СИСТЕМ ОД МРЕЖИ И СПИРАЛИ

 

ВОВЕД

Откако човекот сознал за штетноста од електромагнетното зрачење размислувал како да се заштити.

Знаејќи ја опасноста од зрачењата човекот почнал умешно да ги избегнува, откривајќи ги на разни начини и со разни методи. Како урбаните населби станувале сé поголеми, а просторот за изградба се помал, тој почнал да размислува за заштита на просторот кој бил изложен со зрачење, а сепак неопходен за користење.

Во почетокот како заштита користел природни и едноставни материјали, како на пример: кожи со крзно од овци и јагниња, дебел слој од 'ржена слама и слично.

Откако со развојот увидел дека таа заштита е тешко применлива и недоволна, почнал да практикува превентивна заштита со помош на разни методи на детекции.

Во минатиот век за заштита од геопатогени извори на зрачења, покрај другото, најчесто се користеле дебели пластични хидроизолациски фолии, оловни лимови, спирали и друго.

Но, материјалите што се употребувале за заштита покажаа извесни недостатоци, како на пример: пренасочување на зрачењата надвор од просторијата или објектот кон околните простории или објекти, што се укажува и како нехумано. Поради тоа примената на таков вид на заштита се става во преиспитување. На пазарот имаше рефлектирачки направи, кои беа попрактични во нивната примена, но заштитуваа само од геопатогените зрачења или имаа рефлектирачко странично дејство на околу 50 cm до 2 m, поради што беа некомплетни и ја загрозуваа безбедната околина. Единствено досега познато техничко решение кое ги задоволува скоро сите критериуми беше и останува неутрализаторот трансформер Био-СПХ.

 

Заштита со помош на поларизирани мрежи и спирали

Во процесот на заштитата од електромагнетни зрачења, од научен аспект потврдени се: заштита со помош на рефлексија со помош на фолии и спирали и заштита со помош на интерференција на бранови, како што е со неутрализаторите трансформери Био-СПХ и директна заштита со помош на поларизирани мрежи и спирали за кои станува збор.

Заштитата со поларизирани мрежи и спирали претставува солидна заштита од електромагнетно зрачење, опфаќајќи ги природните и техничките извори на електромагнетни зрачења и до неколку GHz,  но само доколку изворот на зрачењето е од надворешната страна од просторот. Како надворешните извори на зрачења може да се сметаат: космички, геопатогени и технички извори на зрачења, сите кои доаѓаат од надвор. Доколку изворот на зрачење е од внатре, како што е случајот со користење на мобилните телефони или друга техничка опрема која се користи во самиот простор, во тој случај како заштита треба да се примени и Био-СПХ.

Поларизираните мрежи во комбинација со спирали претставуваат мошне добра заштита, стручно употребени во текот на градбата или подоцна. Во текот на градбата има можност да се монтираат над бетонската плоча или над кошулицата пред да се постави паркет или плочки. Под кошулицата има предност од причина што мрежите би биле позаштитени во случај на промена на паркет или плочки. Исто така овој вид на заштита може да се употреби странично на ѕид или на горниот дел од просторијата.

Заштитата над долната основна или спратна плоча може да послужи во заштита од геопатогени или технички извори на зрачења доколку ги има испод неа. Заштитата на ѕид може да послужи доколку од надворешната страна има далновод, трафостаница, предавател или сличен извор на зрачење. Заштитата на плафон или над горната плоча од станот/објектот овозможува добра заштита од  предаватели, далноводи, космички извори на зрачење и др.

Поставувањето на оваа заштита се препорачува да се врши под надзор на стручно лице по геопатологија, а самата заштита е лесно применлива на лице место (прикажано на сл. 1 и 2).


 

Слика 1. Монтажа на поларизирани мрежи и спирали на горниот дел од соба
(По оваа монтажа се поставуваат гипсени плочи)


 


Слика 2. Контролно мерење на полето по монтажа на поларизирани мрежи и спирали


Системот од поларизирани мрежи и спирали, за елктромагнетна заштита, претставува техничко решение кое функционира врз основа на точно одредените димензии на мрежите и спиралите, кои се поставуваат според поларитетот одреден од страна на стручното лице, а во зависност од состојбата на лице место. Вака монтираниот систем, под дејство на постојаното геомагнетно поле има можност да создава т.н. електромагнетен екран, кој претставува блокада на одреден дел од спектарот на електромагнетните фрекфенции , при што ја заштитува животната околина од истите (сл.4 и 5).

Овој систем може да изврши и заштита на луѓето и техниката од можни сончеви електромагнетни бури, доколку до тоа би дошло.

 

Поларизирање на заштитни мрежи

Изборот и припремата на мрежите зависат од резултатите од мерењата за одделната локација на просторот во кој треба да се вградат истите. Пред да се употребат мрежите, потребна е нивна соодветна припрема (поларизирање). Тоа се врши со помош на поларизатор MF 360 mG. во комбинација со магнетомер Wuntronic (сл. 3). На овој начин дозирањето е строго контролирано со тоа што и самата заштита ќе биде поефикасна. Пред поставување на вака припремените мрежи се вградуваат и посебно припремените спирали со индуктивни елементи. Методиката и техничката примена се патент на Институт ГАПЕ и д-р Стојан Велкоски (геопатолог), под чија директна контрола се одвива целиот процес.

 

Слика 3. Поларизирање на заштитните мрежи пред нивна употреба



ОБЈЕКТ БЕЗ ЗАШТИТА

 

Слика 4. Гео-космопатологијата и техничките извори на зрачења кои предизвикуваат сериозна закана по здравјето и животите на станарите присутни се во објектот

 

ОБЈЕКТ СО ЗАШТИТА

Слика 5. Заштитен објект, овозможена е нормална и непречена функција на клеточно ниво, станарите се во добро хармонично психо-физичко здравје.

 

Несакани резултати

Од примената на овој систем нема никакви нус појави, од причина што елементите се вградуваат во долната и/или горната страна од просторот и не се напојуваат со дополнителна електрична енергија.

Има само еден пример кај кој се појавија извесни, не за секого, несакани појави, а тоа е следниов пример:

Веднаш по заштита со мрежи и спирали во еден индивидуален стан на ул. Партизански одреди во Скопје, се забележа намалена мобилна мрежа на мобилниот апарат. За оваа појава сопствениците на станот беа благовремено предупредени, кој факт тие позитивно го прифатија. Намалувањето не се случи тотално, туку за извесен процент отчитувајќи по мобилниот апарат. Оваа појава се случи поради тоа што во станот се поставуваше заштита и на подот и на горната страна (плафонот). Во други случаи, каде што се монтирани заштитни системи на поголемо растојание, на пример, на првиот спрат на долната основа (подот), а на вториот спрат или на третиот на горната основа (плафонот) не се забележа поизразена појава.

Во секој случај, навремената стручно превземена заштитна мерка, претставува најисплатлива инвестиција за семејството или вработените.

 

Манипулации со заштитни сретства за електромагнетни зрачења

Во секоја професија и наука како и во оваа се појавуваа разни заштитни сретства од електромагнетни зрачења. Лицата, кои пред се, од неинформираност, неразмислување во моментот, душевна болка поради болест или смрт на најблиските и слично, купуваат на доверба се што ќе им се понуди. Во една ТВ емисија д-р Стојан Велкоски во 2006 година се изјасни пред гледачите дека се што се продава на пазарот под мотото заштита од електромагнетно зрачење, од моментот на изговарање на зборот електромагнетно зрачење веднаш се навлегува во научнотехничката област. Во овој случај секој таков продукт треба да биде атестиран научно-технички, а не само емпириски. Во спротивно тоа дело претставува измама, кое во правниот процес претставува кривично дело. Веднаш по таа емисија до Институтот ГАПЕ од Скопје поголем број на лица корисници на  заштитни сретства за таа намена ги донесоа своите уреди, при што експертизата ја потврди намерата на понудувачите дека станува збор за измама. Еден од тогашните продукти веќе неколку години е под кривична истрага. За таа цел публикувани се неколку научни трудови, меѓу кои и www.space.bas.bg/SENS-2007/4-16.pdf

Повеќето од манипулациите се насочени преку пирамидални форми, наполнети со метални струготини, песок или слично, прикривајќи се позади мистеријата на кеопсовата пирамида.

Се очекува и појава на измами и со мрежи и спирали но и тоа ќе претставува измама доколку се регистрира таков случај.

Решение на проблемот

За решавање на овој проблем надлежни се: експертите пред се по геопатологија, во некои технички сегменти и инженерите по физика и електро, а како државни субјекти се: МВР, Народниот обвинител и судовите, Министерство за економија - Одделение за заштита на потрошувачите и др.

Во случај на основано сомнение дека некој се чуствува измамен со заштитни сретства потребен е соодветен елаборат за намената и функцијата на техничкото средство што го купил, изготвен од геопатолог и научна институција за геобиологија. Доколку се потврди сомневањето, тогаш се информираат надлежните државни институции, кои се надлежни да го истражат случајот и преку кривичен судски процес против сторителот на делото да го заштитат граѓанинот. Исто така, правдата може да се побара и преку приватна тужба, но со стручни докази за основано сомнение за можно причинето дело измама.

На овој начин граѓаните ќе можат да бидат обештетени, а истовремено ќе се заштитат другите граѓани  кои би биле потенцијално измамени.

ЗАКЛУЧОК

Од горе наведеното, пред се од експертското мислење и од резултатите базирани врз долгогодишните истражувања, за зачувување на здравјето и животите на граѓаните, неопходно е познавање на опасноста од електромагнетното зрачење и негова благовремена стручно-техничка заштита.

Поларизираните мрежи и спирали токму таа заштита ни ја нудат со скоро траен ефект, а со незначителни финансиски инвестиции.

 

Препорака

За своја лична безбедност и безбедноста на своите, од здравствен и финансиски аспект, потребно е благовремено превземање на соодветни заштитни мерки а граѓаните треба да внимаваат на кого ќе му го доверат мерењето и заштитата.

 

Последно освежено на Сабота, 20 Февруари 2016 17:56